| 05.12.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Поголемиот дел од корисниците на мобилни телефони кои работат на Android платформа, ја исклучуваат својата локација поради приватност, но и покрај тоа што така ја заштедуваат батеријата на уредот.

Но, опцијата “Location Share” се активира сама од себе – покажува новото истражување на тимот “Quartz”, а најпосле истото го призна и компанијата “Google”.

Опцијата за споделување на локацијата собира информации за движењето на корисникот и ги испраќа во централата на “Google”, тврди тимот. Ваквата “непријатност за корисниците” е активна од 2017 година, од кога е вклучено регистрирањето на корисниците на мрежните базни страници, пренесува “Mobit”.

 
 

Истражувањето на “Quartz” дознава дека сите паметни телефони испраќаат податоци кон “Google”, дури и оние кои се ресетирани или без SIM картичка. Размената на податоци започнува во оној момент кога мобилниот телефон ќе се поврзе на мобилната мрежа или Wi-Fi.

GSM Arena” наведува дека “Google” на ниту еден начин не ги злоупотребил овие податоци и дека истите ќе бидат енкриптирани.

И покрај ветувањата дека ќе престанат да ја користат оваа опција, не е пријатно да се знае дека “Google” собира податоци за движењето на корисниците, дури и во случаи кога корисникот експлицитно нагласува дека не го сака тоа.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
04.12.2017. Ливадџија
03.12.2017. The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени