| 09.04.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Според аналитичарот на DigiTimes, Лук Лин, Apple сериозно се фокусира на развивање на MicroLED панели за мали и големи уреди. Според соопштението, компанијата од Купертино работи со тајванскиот TSMC на мали дисплеи. Целта на проектот според Лин е да се изработат екрани за употреба во идните модели на Apple Watch и во пренослив уред со проширена реалност.

Во исто време, Apple има и втор проект чија цел е развој на MicroLED панели за уреди кои се многу поголеми од MacBook компјутерите. Според Лин, малите екрани ќе бидат со димензии од 1.3 до 1.4 инчи за Apple Watch и меѓу 0.7 и 0.8 инчи за уредот со проширена реалност. Извори од индустријата пак велат дека масовното производство може да започне уште во второто полугодие на 2018 или почетокот на следната година, додека поголемите панели ќе бидат пуштени во производство дури во 2019 или подоцна.

Аналитичарот е на мислење дека компанијата од Купертино ќе воведе MicroLED технологија само за врвните модели на Apple Watch. Барем за момент, производствените трошоци на овој вид дисплеи се меѓу 400 и 600% повисоки од оние на OLED панели со иста големина, што секако е сериозна пречка за масовното навлегување на технологијата.

 
 

Неодамна, Bloomberg откри дека Apple има тајна фабрика за MicroLED екрани во Калифорнија, каде што се спроведуваат тестови за нови производи.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени