| 22.04.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Најголемата реплика на познатиот брод Титаник, составена од Лего коцки била градена речиси 11 месеци и повеќе од 700 часа. Делото премиерно ќе биде изложено во музејот Титаник во Тенеси.

Брињар Карл Биргисон од Рекјавик употребил 56 илјади Лего коцки за репликата. Таа е долга седум метри, а висока 1,5 метар. Младото момче вели дека уште од пет години уживал во игрите со Лего.

“Си играв со часови. Некогаш градев познати градби, а некогаш измислував и свои”, вели Биргисон.

 
 

Со текот на годините, Брињар станал опседнат со возови, сè додека не заминал на риболов со својот дедо. Оттогаш во него се пробудил интерес за бродови, а до неговата 10-годишна возраст, тој знаел речиси сè што може да се знае за најпознатиот брод на светот – Титаник.

“Кога го посетив Леголенд со мојата мајка, видов неверојатни модели на познати куќи, авиони, локации и бродови. Тогаш почнав да размислувам дека сакам да направам свој Лего модел”, открива петнаесетгодишното момче кое навистина успеало во своите намери.

Брињар со помош на пријателите и семејството собрал пари за купување на Лего коцки, а изјавил дека со градењето на репликата тој успеал да го прифати својот аутизам.

  
 

Пред да го започне својот проект, Биргисон имал потешкотии со комуникацијата што го правело несреќен и осамен. Денес, тој има доволно самодоверба за сам да дава интервјуа за своето достигнување.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени