| 04.01.2018. ПО СВЕТОТ

Австралија има за цел да доминира во светот во брзо растечката индустрија – марихуана за медицински цели.

Владата посочи дека го легализирала извозот на производи од канабис. „Ние потенцијално би сакале да бидеме број еден снабдувач во светот“, рече министерот за здравство Грег Хант преку локалната радио станица „abc.net.au“.

Некои експерти велат дека легалниот извоз ќе предизвика бум во оваа индустрија во Австралија.

 
 

Според Нив Даган, директор на инвестициска компанија „Peak Asset Management“, потегот на властите може да доведе до наплив на сериозни инвестиции во земјата, напиша „CNN“.

Тој предвидува дека австралискиот пазар за медицинска марихуана може да се зголеми четирипати – до 1 милијарда долари до 2020-та година.

Веста веднаш се одрази позитивно врз акциите на австралиските компании кои се вклучени во медицинската марихуана.

  
 

Акциите на компанијата за одгледување на канабис „Cann Groupсе“ се зголеми за 35 отсто за време на трговската сесија во Сиднеј во четвртокот.

Питер Крок, извршниот директор на компанијата, вели дека гледа голем потенцијал на пазарите како што се Канада и Германија, каде што може да има недостаток на локални производи.

Според извештајот на „Grand View Research“, државната компанија за истражување и консултации, глобалниот пазар на канабис би можел да достигне 55 милијарди долари до 2025-та година.

 
loading...
 

До денес, главните извозници на марихуана за медицински цели во светот се Канада и Холандија, додека најголемите увозници се Германија и … Хрватска.

Меѓународната трговија со легален канабис сѐ уште е строго регулиран.

Прекуграничната продажба е ограничена на оние за производство што е наменето исклучиво за медицински цели. Земјите што извезуваат и увезуваат канабис мора да ги пријават сите трансакции до Меѓународниот одбор за контрола на лекови на ОН.

Според австралискиот министер за здравство, одлуката за легализирање на извозот ќе го зајакне пазарот за локалните производители и ќе обезбеди безбедност околу снабдувањето на австралиските пациенти.

„Нашата цел е да се увериме дека австралиските производители ги имаат сите можности да бидат број еден производител на висококвалитетен медицински канабис во светот“, вели Грег Хант.

Законските измени ќе стапат на сила од следниот месец.

Медицинската марихуана беше легализирана во Австралија на федерално ниво во 2016-та година, но постојат различни правила на државно ниво. Употребата на трева за рекреативни цели се уште е забранета низ целата земја.

Иако медицинската марихуана е легална, сепак премалку пациенти во Австралија можат да имаат корист од неговите лековити својства. Една од причините е што многу локални лекари одбиваат да го препишат ваквиот третман, иако тоа е веќе легално.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени