| 13.04.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Во Дубаи од наредниот месец ќе започнат да се издаваат дигитални регистарски таблички за возилата. Тие ќе бидат способни самостојно да ги контактираат итните служби во случај на сообраќајна несреќа, да комуницираат и разменуваат информации за состојбата на патиштата со другите автомобили кои исто така имаат дигитални регистарски таблички или пак да испратат предупредување во случај на кражба на возилото.

Процедурата за регистрација ќе биде поедноставна и ќе се состои само од технички преглед бидејќи сé понатаму регистарските таблички сами ќе направат – ќе го обноват осигурувањето, ќе ги платат давачките, ќе ја продолжат сообраќајната дозвола. Сопствениците на ваквите возила повеќе нема да мора да плаќаат ниту паркинг – и тоа ќе го прават дигиталните регистарски таблички.

Во прво време дигиталните регистарски таблички ќе се најдат на возилата само пробен период – до ноември, бидејќи топлата клима која владее во Обединетите Арапски Емирати може да предизвика технички потешкотии. Треба да се реши и прашањето за приватноста кое се поставува во јавноста бидејќи овие таблички се опремени со ГПС уред.

 
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени