| 12.04.2018. ПО СВЕТОТ

Покрај холандското село Јелсум минува „музички автопат“, каде се слуша мелодија штом некое возило ќе помине преку него.

Новитетот е осмислен за поинтересно патување низ оваа монотона делница, така што на асфалтот се поставени попречни „музички прагови“, кои се активираат кога возило ќе мине преку нив.

Но, сето тоа предизвикува се повеќе незадоволство меѓу локалните жители, кои се жалат на одѕвонување на една иста мелодија, иако станува збор за химната на покраината Фризија во северна Холандија, која има свој посебен јазик и култура.

 
 

Мелодијата е гласна и локалното население се жали дека „музичкиот пат“ создава бескрајна какофонија, која ноќе постојано ги буди, имајќи предвид дека звукот се движи низ воздухот.

Некои „авантуристи“ дури и намерно забрзуваат возејќи преку „музичките ленти“, при што фризиската химна се повторува и има забрзано темпо.

По неуспешниот „експеримент“, локалните власти ветија дека лентите наскоро ќе бидат отстранети.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени