| 06.02.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Компанијата SpaceX ќе ја лансира својата ракета Falcon Heavy, а првиот човек на компанијата, Илон Маск наводно имал намера покрај автомобилот Tesla Roadster, во вселената да испрати и своја фигура.

Ракетата Falcon Heavy ќе биде лансирана од Вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА на Флорида, седум години после интензивниот развој и најавувањето за лансирање и испраќање на товар во вселената.

Станува збор за демонстрациска мисија чија што цел е тестирање дали ракетата ќе може да понесе товар во орбитата. Товарот всушност ќе биде новиот автомобил на Tesla, наречен Tesla Roadster во кој што најверојатно ќе биде сместена фигурата на основачот на двете компании, Илон Маск.

 
 

Маск објави неколку фотографии на својот профил на Инстаграм на кои што е прикажан „патникот“ зад воланот на Tesla Roadster, за кој што се претпоставува дека е неговата фигура сместена во вселенското одело на SpaceX.

Тој претходно објави и фотографии од новото вселенско одело кое што е дизајнирано за астронаутите на леталото Crew Dragon кое што SpaceX го прави за транспорт на астронаутите на НАСА на Меѓународната вселенска станица.

(1)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени