| 14.09.2017. ПО ДОМА

И поранешната директорка на Агенција за вработување со службена картичка си купувала приватни работи за по дома, машки чорапи, аутани против комарци, креми, гумени бонбони и триста други чуда. И така… во оваа држава некои волци, некои овци за стрижење!

На мене, како најобичен граѓанин на оваа држава, никој за по дома не ми купува. Кога ми треба Аутан или чорапи, сама си ги плаќам! Храна и пат у плата ми влегуваат. Работно време ми почнува во точно определено време. Нозе кршам да не закаснам. До работа како ќе отидам, сама си се снаоѓам. Ако се успијам, во кола ќе си влезам или такси ќе си фатам. Ако не, со автобус ќе си одам. На утринска авантура со ЈСП. Да го почувствуваш мирисот на работничката класа! Картичката Скопска сама си ја купив и сама си ја дополнувам. Никој не ми ја плаќа! Немам службен шофер, службено возило или службена Скопска! Или со точак си одам кога е убаво времето. Ем поевтино, ем поздраво. Ако ми се пријаде на работа, а ми се пријадува, од свои пари си плаќам. Немам отворена сметка во ресторан, немам право да си земам фискална за поврат на пари, немам службена картичка од која можам колку сакам да трошам и што сакам да си јадам… најмалку бизони, елени и лососи! Чесно си одработувам за платата и чесно си ја заработувам. Сите трошоци што ги имам за да стигнам на работа и да се вратам дома, сама си ги подмирувам!

Нека ми каже сега некој, зошто и поради што, било кој политичар, функционер или директор на било која институција во државава би требало да биде поразличен од мене, да има привилегиран статус, да си носи во џеб службена картичка која ќе си ја чука кај што ќе му се присака??? Што ќе му е службена картичка ако зема плата како што земам јас? Службени ручеци? Нека земе фактура! Па нека ја правда. Кај бил, зошто бил, со кого бил, кој колку јадел, колку потрошил, па ако било оправдано, нека му ја платат, ако не, нека му го одбијат бизонот од плата! Ако јас чесно си ја заработувам платата, што прави тој? Ако јас работам, зошто да не работи и тој? Ако си директор, не значи дека не треба да работиш! Работно место + вложен труд од вработениот = плата. Која е разликата меѓу нас кажете ми? Еве како е кај него: работно место = плата + привилегии + службена картичка! Што поише тој чука со картичката, кај мене толку помалку плата. Оти тоа не се негови пари, мои се, наши!

 
 

Службени картички? Море јас би ви дала по еден точак или тротинет, така да одите на работа, па да ве видам тогаш! Уствари, ни точак не би ви дала! Аплицирајте кај Коце за субвенција за точак, па купете си го сами! А за јадење? Ќе си плаќате сами! Одете јадете секој ден ѓеврек или пирошка од 10-20 денари, па да видите како е! Аздисани!

(196)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Калина Коси
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени