| 05.02.2018. ПО СВЕТОТ

Човек за кој се претпоставува дека е култниот британски артист Бенкси беше забележан на улиците низ Хал, Англија, истиот ден кога три нови дела на Бенкси беа откриени на различни локации во градот.

На фотографијата која ја „улови“ локален фотограф може да се забележи човек кој многу потсетува на „оригиналниот“ Бенкси. Ова е само втора фотографија за која се смета дека на неа се наоѓа Бенкси, откако артистот првпат беше фотографиран во Јамајка во 2003 година.

 
 

 

 

  
 

Оние кои долго време ја проучуваат кариерата на Бенкси велат дека името кое стои зад популарниот прекар е Роберт Ганингем. Тој е британски артист на кој му се губи професионалниот траг во отприлика истиот момент кога делата на Бенкси излегуваат во јавноста.

Тој, како и Бенкси, доаѓа од околината на Бристол и се занимава со истиот тип на уметност како и Бенкси. Англиските медиуми претпоставуваат дека името „Бенкси“ било инспирирано од првиот прекар на Роберт Ганингем кој му го дале другарите, „Роберт Бенкс“.

Неколку часа откако оваа личност беше забележана низ улиците на Хал, официјалниот Instagram профил на Бенкси потврди дека новите графити кои „го красат градот“ се негови.

 
loading...
 

„Не ми се верува дека овој милионер оди низ градови со неговото комбе и црта графити по ѕидови“, рече Ричард Тилсон, локален трговец кој беше меѓу првите што го забележа „вистинскиот“ Бенкси.

Артистот Бенкси ја започна кариерата некаде во средината на 90-те години од минатиот век, но досега ниту еднаш не го откри неговиот идентитет. Луѓето кои се подобро упатени во работата на Бенкси велат дека се работи за една од три опции кога е во прашање неговиот идентитет: тоа е Роберт Ганингем (опција популарна кај луѓето од Велика Британија), други велат дека се работи за Роберт дел Наја (основачот на групата Massive Attack), додека трети сметаат дека се работи за група артисти кои се претставуваат под името „Бенкси“, а кои работат на различни локации низ светот.

(3)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени