| 27.11.2017. ПО СВЕТОТ

Во денешно време доколку имате проблеми со видот, обично одите на доктор, ви репишуваат капки или лекови, си заминувате и тоа е тоа во главно. Затоа замислете колку би било чудно да отидете во вашата локална берберница за да ви го средат проблемот. Всушност, не мора да замислувате, бидејќи можете да го погледнете тоа како се случува во видеото што ни доаѓа од Кина…

На улиците во округот Џинџанг во градот Ченгду, 62-годишниот бербер Жионг Гаву има отворено берберница на тротоар, што не е ретка слика во азиските земји, каде што исто така можете да си ги прочистите очите со остар жилет кој претходно најверојатно бричел некоја брада. А можеби и не бричел… Незнаеме.

Тој ја нуди оваа услуга повеќе од 40 години и никогаш досега, барем така вели тој, немал проблем. Или поточно, никој досега, не го оставил окото кај него.

 
 

Постапката отприлика трае пет минути и вклучува повлекување на очниот капак наназад за да се изложи окото, кое потоа се “чисти” со бричење и стружење на неговата површина со жилетот.

  
 

Се додава раствор од јод за стерилизација пред да се применат капки за очи на ножот. Потоа мајсторот почнува со работа.

Методот, наводно, му овозможува на Жионг Гаву да го исчисти внатрешниот очен капак и надворешниот слој на окото, овозможувајќи им на луѓето да гледаат појасно.

Берберот им служи на клиентите на возраст над 30 години, затоа што помладите луѓе генерално немаат некои проблеми со нивните очи.

 
loading...
 

Додека вистинските, здравствни придобивки од стружењето на очното јаболко се непознати и недокажани, тоа е древен занает во Кина. Има една стара поговорка која вели дека чистењето на очите ја прави убавината во животот видлива.

Според кинеските вести, 97-годишен клиент изјавил дека може да ги види работите појасно по третманот. Наводно, тој претходно почувствувал дека имало нечистотии заглавени во неговите очи што му предизвикале да има болни и суви очи, тој сега се чувствувал удобно откако седнал на жешкото столче кај чичко Жионг.

Попат, вреди да се напомене, дека тоа е апсолутна зделка, односно го добивате заедно со миење на коса и бричење на брада, а целиот третман чини околу пола фунта, 35 денари… Ем здрав вид, ем избричен…

(1)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени