| 25.10.2017. ПО СВЕТОТ

Градските татковци на Берлин си поставија цел до 2030 година градот да стане еден од најиновативните метрополи во светот. Како што ги дал господ, засукале они веќе ракавите и се фатиле за работа. За возачите имаат воведено мобилни апликации кои им помогаат во изнаоѓање на паркинг простор или им нудат избор за најбрз пат до нивната дестинација.

Ова ја намалува градската бучава, гужвите и загадувањето на воздухот. Заштитата на животната средина се спроведува од страна на системот на паметни депонии за ресторани на Постдамер плац и во моментот повеќе од 3.500 електрични автомобили кои се на улиците на Берлин.

Исто така планираат да се изградат станови кои ќе се грижат за старите (еј СТАНОВИ ќе се грижат за постарите лица!) кои веднаш ќе ги известат надлежните во случај на незгода или болест.

 
 

Стратегија до 2030 година

Оваа амбициозна идеја на градот на иднината беше инициранa во 2015 година, кога Берлинскиот сенат ja ратификуваше стратегијата за паметен град. Стратегијата се фокусира на развој на решенија, кои се насочени кон граѓаните, и да се создаде подобра, поефикасна и безбедена урбана средина. Причината за ова е фактот дека до 2030 година бројот на жителите на Берлин се очекува да се зголеми за 250.000 луѓе. Тоа ги носи со себе и повеќе автомобили, повеќе отпад, повеќе административни барања и затоа Берлин веќе почна да работи на решавање на овие проблеми.

Да почнеме со сообраќајот. Сименс, преносувачот на податоци во центарот во Берлин, им испорачува на возачите последни извештаи на сообраќајот, со цел да го најдат најбрзиот и “најзелениот” пат до нивните дестинации. Друг начин за намалување на сообраќајниот метеж е со помош на сензорски контролиран систем за паркирање во најпрометната улица на Берлин – Bundesalle. Инаку, 30 отсто од сообраќајот на улицата го прават автомобили кои се обидуваат да најдат место за паркирање, и на овој начин на возачите им се овозможува полесно наоѓање паркинг бидејќи нивните апликации во реално време им покажуваат кои места се слободни.

Сименс, исто така, придонесе за безбедноста и во областа на железничкиот сообраќај. TrainGuard, систем кој се грижи за безбедноста на возовите, постојано ја следи брзината на возовите и реагира во случај на било какво отстапување од нормалната ситуација. Ако постои забрзување над одредени граници, има аларм и ако возачот не одговори во рок од неколку секунди, сопирачките вклучуваат автоматски.

  
 

Берлин, исто така, сака да ги олесни животите на граѓаните во административната сфера. Преку проекти како mein.berlin.de, One-Stop-City и goBerlin граѓаните може да се следат како властите управуваат со градот, но и како се решаваат проблемите за кои се загрижени, а за кои што порано требаше да чекаат на ред пред шалтер. Овие проекти нудат можност за дигитални консултации, онлајн закажување и комуникација со јавниот сервис преку апликации.

Сите овие решенија веќе се спроведени во главниот град на Германија, а во иднина се очекува и се повеќе иновативни решенија. Следната година се планира да се заврши изградбата на 69 “паметни” станови кои ќе користат обновливи извори на енергија и способност да ги препознае лицата за да влезат во станот.

Независност

Сепак, во план е многу поголем проект, планиран за постарата популација. Panasonic веќе работи на развивање на систем кој ќе им овозможи на постарите лица поголема независност. Користејќи сензори и вештачка интелигенција, на пензионерите ќе им се олесни многу во смисла на физички и когнитивни задачи во станот во кој живеат. На пример, фрижидерот самостојно ќе детектира кога има недостиг од одредена храна и самостојно ќе контактира со локалната продавница и ќе организира испорака на таа храна. Исто така, преку сензорот ќе се мери температурата и отчукувањата на срцето на лицата и во случај на несреќа веднаш ќе се јави во службите за итни случаи.

 
loading...
 

Сепак, 2030 година се уште е далеку и прашање е што ќе биде и уште какви нови решенија Берлин ќе спроведе со цел да стане паметен град на иднината.

(117)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени