| 14.05.2018. ПО СВЕТОТ

Во 2009 година таа беше главна тема на сите светски медиуми. Наџа Сулеман беше порно глумица и стриптизерка која веќе имала 6 деца кога родила уште 8. Нејзиниот живот со месеци беше актуелен во јавноста, а потоа еуфоријата се намали. Еве како изгледа денес.

Фотографијата од трудничкото стомаче на Наџа Сулеман после успешното “ин витро” оплодување во 2009 го обиколи светот. Преку ноќ станала славна и медиумите се натпреваруваа кој прв ќе објави вест за неа и приновата. Во такви околности не било лесно да се израснат осум бебиња и шест деца.

 

 
 

“Си го уништив животот и себе и на децата! За што размислував?”, изјави Наџа за американската телевизија “Fox” во двочасовното интервју кое беше прикажано неколку месеци после породувањето.

  
 

 

 
loading...
 

Многу набрзо беше откриено дека таа живее од социјална помош и дека јавноста остро ја осудуваат. Се појавуваше во сите печатени медиуми, па дури и во телевизиската емисија на Опра.

Денес Натали е горда и самохрана мајка на 14 здрави деца иако долго време едвај “врзувала крај со крај”, а едно време дури повторно работела како стриптизерка, но тој период за среќа кратко траел.

 

A post shared by Solomon Family (@nataliesuleman) on

Судејќи по фотографиите кои редовно ги објавува на Инстаграм, таквите времиња се останати во минатото.

 

“Од очај и сиромаштија, за да преживеам и да го хранам семејството, се жртвував и усрамено го прифатив новиот и непосакуван идентитет “Октомама”. Во март 2013 година ставив точка на тоа. Заедно со семејството го напуштивме местото кое штетно влијаеше врз нас, пред да ме убијат и да ги уништат животите на моите деца. Се вратив кај моите корени, личноста која бев пред да бидам мајка на осум деца. Се вработив како терапевтка и учам за мастер”, рекла таа.

(2)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени