04.11.2017.Ливадџија
26.10.2017.Ливадџија
| 20.11.2017. ДЕШАВКИ

Date : 22.11.2017. - 22.11.2017.
Location : Скопје
Venue : ФИНКИ
Start : 18:00
Price : Free

Бидете присутни на четвртиот од низата бесплатни часови кои Семос Едукација и BEST Скопје ги креираа за вас.

Предавач на настанот е Елена Ѓорѓиевска – графички дизајнер и Adobe Certified Instructor. Елена е долгогодишен тренер во Семос Едукација со богато искуство во графичкиот дизајн. Предава Adobe Illustrator во авторизираниот Adobe тренинг центар, а во Академијата за дизајн ги предава креативните предмети Дигитална манипулација на фотографија и Портфолио на графички дизајнер.

Adobe Illustrator е најпопуларна апликација и стандард во индустријата за векторско цртање и за креирање на дигитални илустрации, логоа, икони, наменети за печатење, мултимедија, и on-line издаваштво. Апликацијата е наменета за графички уметници и дизајнери, илустратори, веб дизајнери и за сите оние кои сакаат да се занимаваат со дизајн, без разлика дали се работи за печатено или on-line публикување.

 
 

Присутните на настанот ќе имаат можност да се запознаат со можностите на оваа апликација и да слушнат нешто повеќе за една посебно популарна дисциплина во дизајнот денес – визуелизација на податоци, односно, креативно дизајнирање на инфографици, притоа запознавајќи ги техниките на работа со векторски објекти, користење на 3Д ефекти со контрола на светла и мапирање на површини, сенки, креативно модифицирање на текст во форма на илустрација… и користење на други техники интересни за различни профили на дизајнери. Темата е поврзана за она што се бара денеска како вештина, посебно за дизајнери кои се фриленсери.

Сите присутни ќе добијат ваучер од 20% попуст за следење на Adobe Illustrator во Семос Едукација.

Датум: 22 ноември (среда)
Почеток: 18:00 – 19:30
Локација: : Амфитеатарот на ФИНКИ кој се наоѓа во склоп на анексот на ТМФ
Пријава: https://goo.gl/forms/DYwMwKgUgAK38cJQ2

  
 

(21)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
24.11.2017. Ливадџија
23.11.2017. Ливадџија
22.11.2017. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени