| 28.11.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Најголемата во светот социјална мрежа, „Facebook“ ќе го прошири својот софтвер со вештачка интелигенција за брзо препознавање на членовите на социјалната мрежа, кои имаат самоубиствени мисли. Иницијативата има за цел да им помогне на овие луѓе навремено, објави „Ројтерс“.

Се очекува технологијата да бара автоматски индикации за самоубиствени мисли во постовите на корисниците, како во постираните од нив клипови во Facebook Live. Ако има такви индикации, вработени на социјалната мрежа ќе бидат информирани брзо, како и организациите коишто се специјализирани за помош на луѓето со самоубиствени мисли. Системот со вештачка интелигенција ќе ги испитува не само пораките на членовите на мрежата, но и одговорите на нивните пријатели.

Потсетуваме дека социјалната мрежа го тестира овој софтвер во САД од март, кога започна да скенира текстови на публикации во мрежата и коментари за фрази кои може да сигнализираат намери за самоубиство.

 
 

Компанијата веќе има издадено методи, овозможувајќи им на корисниците да поднесат сигнал, ако сметаат дека нивниот пријател сака да стави крај на својот живот, но системот со вештачка интелигенција ќе им овозможи да се поднесуваат побрзо информации за таквите луѓе и дури да се откриваат сигнали, кои членови на мрежата може и да не ги забележат.

По тест периодот во САД, мрежата ќе го прошири системот и надвор од земјата и конечно ќе биде достапен насекаде, со исклучок на ЕУ, вели Гај Роузен, потпретседател на „Facebook Inc“, одговорен за управувањето на производите на компанијата. Личните податоци во ЕУ се заштитени со построги закони од оние во САД, потсетува АФП.

Во изминатите месеци на тестови, проверени се повеќе од 100 пати различни корисници откако софтверот на Facebook „почуствувал“ намера за самоубиство, појаснува Роузен. Освен тоа „Facebook“ тврди дека се обидува да има на располагање специјализирани вработени секој час, за да се јавуваат во случај на потреба на властите, на локални јазици.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени