| 30.04.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Основачот на компанијата Мајкрософт, милијардерот Бил Гејтс, смета дека државите од светот треба да се подготват за пандемијата што му претстои на светот, и тоа на ист начин како што би се подготвувале за војна.

Гејтс верува дека смртоносна епидемија ќе ја погоди нашата планета во текот на следната деценија и дека смртоносната болест ќе убие над 30 милиони луѓе за неколку месеци, најмногу за шест.

Ова апокалиптично предупредување Гејтс го изнесе во петокот на научен собир во Масачусетс, а за тоа зборуваше и претходно, само со нешто помала убеденост во своите тврдења.

 
 

Истакнувајќи дека „обично е оптимист“, Гејтс кажа: „Постои една област во која светот не прави доволно за да постигне напредок, а тоа е подготвеноста за избивање пандемија“, кажа тој, напоменувајќи дека следната пандемија може да потекне од екраните на компјутерите.

За да биде сфатен сериозно, тој истакна и дека за оваа опасност за која зборува ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.

Изгледа дека и американскиот Конгрес смета дека Гејтс е во право, бидејќи одобри дополнителни средства за Националниот конгрес за контрола и превенција на болестите.

  
 

Се претпоставува дека токму САД ќе ја предводат глобалната иницијатива сите држави да работат на подготовки за избивање на пандемија.

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
27.04.2018. Ливадџија
29.04.2018. The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени