По подемот, падот и поставувањето на инвеститорите буквално на работ, биткоинот се чини дека влегува во период на релативно мала стабилност, според експертите, пишува Ројтерс.

Глобалниот бран од регулации доведе до колапс во обемот на трговијата. Рекламите на криптовалутите исчезнаа од добрите веб-страници, и биткоин повеќе не доминира во пребарувањата на Google. Може дури да се каже дека тој поминува низ егзистенцијална криза.

„Потребна ни е промена, и ако станува збор за институционално вклучување на пазарот, може да видиме пораст“, смета Николас Колас, основач на инвестиционо-аналитичката компанија DataTrek.

 
 

Биткоин поскапе за 25% во април откако загуби 70% од својата вредност спрема највисокото ниво од речиси 20.000 долари на крајот од минатата година.

Пејзажот на криптовалутите навистина се промени. Малите инвеститори кои беа моторот на поскапувањето на биткоинот во 2017 година, беа отстранети од пазарот поради забраните за трговија во различни држави и беа заменети со фондови, богати индивидуални инвеститори и утврдени финансиски компании.

Освен тоа поголемите играчи не се возбудија толку од моменталните движења на биткоинот, туку од потенцијалот на недокажаната, но ветувачка, блокчеин технологија.

  
 

Просечните дневни количини на тргување на берзите за криптовалути се намалија до 9,1 милијарди долари во март и до 7,4 милијарди долари во првата половина на април во споредба со близу 17 милијарди долари во декември, покажуваат податоците собрани од сајтот CryptoCompare.

 

 
loading...
 

Неколку берзи бележат намалување на нивните секојдневни обеми за трговија со над 50% меѓу декември и март, вклучувајќи Bitfinex, Poloniex, Coinbase и Bitstamp. Најголемиот обем на трговија со криптовалути е објавен на 22 декември – 30 милијарди долари. На 8 април пак беше забележано најниското ниво од октомври минатата година – 4,6 милијарди долари.

Џо Данкан, основач на базираната во Сингапур компанија Duncan Capital, очекува да види враќање на малите инвеститори, откако постои некое смирување во однос на воведувањето на регулации.

Томас Ли, управен партнер и ко-основач на Fundstrat Global Advisors во Њујорк, смета дека во моментов биткоин пазарот се наоѓа некаде помеѓу помеѓу соништата и каприците. Според него, овој период може да трае најмалку до септември.

Еден од проблемите е дека иако многу од големите институции се љубопитни за тоа како биткоин технологијата може револуционерно да го промени финансискиот сектор, тогаш самата дигитална валута не е широко прифатена, бидејќи нема друга вредност освен онаа која и ја даваат купувачите.

Интензивната нестабилност на валутата ја претвора во предизвик и прогнозата за цената од страна на инвеститорите.

Во моментов, биткоинот се тргува за нешто над 9.300 долари, според податоци на CoinDesk.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија
27.04.2018. Ливадџија
29.04.2018. The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени