| 07.02.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Генетските анализи на најстариот скелет пронајден на површината на Велика Британија, стар околу 10.000 години, откриле дека некои од првите британски жители имале темна боја на кожата.

Националниот историски музеј ги применил најсовремените методи на генетско секвенцирање и препознавање на лица на скелетот пронајден во пештера, и откриено дека првите британски доселеници имале темна боја на кожата, кадрава коса и најверојатно сини очи.

Фосилните истражувања ја поткопуваат традиционалната претпоставка дека човечкото географско потекло e одредено според бојата на кожата и материјалот.

 
 

Истражувањето може да се нарече и бизарно, бидејќи се коси со сите досегашни знаења и изгледот на првиот модерен Британец е вистинско изненадување и за археолозите.

„Ова покажува дека сите овие расни категории кои ги имаме всушност се многу модерни конструкции“, вели Том Бут, археолог од Националниот историски музеј.

  
 

Поголемиот дел од сегашните жители на Британија се верува дека имаат околу 10 отсто од заедничкиот ДНК материјал со пронајдениот скелет.

„Комбинацијата на прилично темна кожа и сини очи е нешто што денеска не е вообичаено, но така изгледале овие луѓе. Таков изглед денеска е многу редок“, објаснува професорот Крис Стрингер, лидер на истражувањата на Националниот историски музеј.

 
loading...
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени