loading...
loading…
22.07.2017.Божана Т.
25.07.2017.Наташа Наумоска


| 12.01.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Дали си се родил со друго знаење освен плач и способност да цицаш? Дали си се родил по своја волја или некој друг посакувал да бидеш создаден? Платил ли некој за твоето создавање? Платил ли некој за твојот живот, за твоето живеење? Правел ли проценка некој за тоа колку пари вреди тоа што живееш?  Дали твојот живот има цена?

Не. Доволен и краток одговор со многу голема суштинска вдлабеност во сите прашања. Ти си создаден од човечко суштество. Од бесценет плод. Имаш право да го дишеш овој воздух, имаш право да чекориш по земјата слободно без некој да ти наплати за тоа. Твојот живот е непроценлив, а сепак е најголем дар кој си го добил од твојот создател. Не си производ па да ти биде залепена налепница со цена на неа. Не си стока или недвижнина од која некој прави пари.

Не. Ти си човек, разумно и моќно суштество кое умее да ужива и треба да знае како да живее и да е благодарно на она што го поседува и кое никој нема право да му го одземе. Без фидбек одлучувачки фактори те створиле, затоа цени го тоа. Цени го но без цена. Цени го без да бараш нешто и ти за возврат, цени го бидејќи нема враќање доколку го изгубиш твоето најсопствено нешто кое го поседуваш, самиот себе си.

Благословен си да ги чувствуваш сончевите зраци, да почувствуваш ветер, да си измиен од дожд. Благословен си со бесценет дијамант кој блеска на твојата круна, во твоето кралство. Имаш бесплатна животна кутија која е само твоја и непроценлива. Која е само твоја и те заштитува. Имаш се потребно за понатамошно функционирање. Најдобрите работи кои се потребни ги имаш без да потрошиш денар. И нека велат како не даваат ни денар за некој човек, и нека грешат нека ставаат цена на човечки живот, но нека помислат дека и тие се на ист начин создадени, дека бесценето дошле во светот на живите.

Ако потрошиш суровина, ќе ја надополниш и создадеш на оној или овој начин. Да снемаш продукт, повторно би го нашол во своите раце на некој начин, било да е купувајќи или одгледувајќи го. Но да изгубиш нечиј живот, би можел ли да го вратиш плаќајки ја и највисоката сума која можеш да ја издвоиш?

(35)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Симона Илиоска
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

Tags:



ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • Mени