| 26.12.2017. ПО ДОМА

Богатите луѓе чувствуваат позитивни емоции кога се фокусирани на себе, сугерира новото истражување. Според истражувањето на Здружението на психлози од Америка, луѓето со ниски приходи ја наоѓаат среќата во другите луѓе, со акцент на љубовта и сочувството, додека богатите ја пронаоѓаат среќата во себичните особини, како што е гордоста.

Идејата на ова истражување, кое го спровеле научници од Универзитетот во Калифорнија, објавено во магазинот „Емоушнс“, била да се сознае колку приходите влијаат на тоа како ја доживуваме среќата и позитивнните емоции.

Истражувањето е спроведено врз 1.510 луѓе во САД, од кои 752 биле мажи, а 767 биле жени.

 
 

Студијата прави споредба меѓу испитинаците во однос на тоа колку често ги чувствуваат седумте емоции: забава, измама, сочувство, задоволство, ентузијазам, љубов и гордост.

Испитинаците со пониски примања почество чувствувале емоции поврзани со други луѓе, посебно сочувство и љубов.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени