| 19.03.2018. ПО СВЕТОТ

Една болница во Виена потпиша договор вреден 95 илјади евра со волшебник за чистење на болницата од негативна енергија.

„Ловецот“ на штетни бранови е ангажиран за енергично чистење на новоизградената болничка зграда.

Вуду скандалот ги оставил затечени здравствени инспектори, а тамошните медиумите известуваат дека три лица се приведени.

 
 

Се побунија и од Виенската епархија која порача дека сосема непотребно ангажиран истерувачот на негативната енергија, бидејќи црковниот благослов бил сосема доволен и многу поевтин.

Ангажираниот вуду експерт требал да направи „заштитен енергетски прстен” околу болницата. Сепак, проектот беше запрен по реакциите во јавноста која го смета за скандалозен договорот.

Волшебникот или т.н. енергетски стручњак всушност е дилер на автомобили, кој се занимава со неутрализирање на протокот на неприродна енергија.

  
 

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени