| 24.10.2017. ДЕШАВКИ

Date : 25.10.2017. - 05.11.2017.
Location : Скопје
Venue : МКЦ клуб и ресторан
Start : 20:00
Price : Free

И оваа година „BookStar“ ги носи пред македонската публика најдобрите автори од Европа! Од 25 октомври до 5 ноември, под мотото „Читај бе, братучед, читај!“, ќе се обидеме да ја одвратиме книжевноста од маргините на македонската културна сцена, да ги претставиме квалитетните домашни и странски современи писатели што пишуваат за културолошките феномени на нашето време и да ја поврземе книжевноста со другите уметности.

Без патетика, туку со суштина и естетика, ги претставуваме специјално за македонските читатели: генијот на стилот Илја Леонард Фајфер, саркастичната писателка Јела Кречич Жижек, двајцата скандинавски мајстори на трилерите Хокан Несер и Јуси Адлер-Олсен, како и Македонците Снежана Стојчевска и Игор Станојоски.

Како дополнително изненадување ви нудиме и: антологија на бунтовната поезија од европски автори, книжевна трибина, саем на европски книги, проекции на филмови од Милчо Манчевски и журка со ПМГ Колектив.

 
 

И оваа година влезот на сите фестивалски настани е бесплатен, а вратите се отворени за сите читатели, сапиосексуалци и оние што се чувствуваат така.

Влезете во светот на фикцијата и со детективска прецизност влезете во филмот во кој вие ќе ја имате главната улога. Дизајнот на официјалниот фестивалски постер и на другите промотивни материјали е на Игор Делов.

(42)

 
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени