| 21.03.2018. ПО СВЕТОТ

Имињата на децата честопати предизвикуваат сериозни расправии кога родителите, сакајќи да бидат оригинални, ќе отидат предалеку со креативноста.

Еден таков случај во Франција заврши на суд, бидејќи родителите сакале ќеркичката да ја крстат Лијам. Тоа име во Франција се среќава често, но кај машките деца.

Името на девојчето може да доведе до забуни околу нејзиниот пол. Во интерес на детето е да се одбере друго име, оти ова би можело да наштети на нејзините идни социјални односи, сметале во обвинителството кое покренало судски процес против брачната двојка.

 
 

Обвинителот побарал од судијата да им забрани на родителите да го викаат девојчето Лијам, а доколку тие не најдат ново име, судијата ќе одреди кое ќе биде новото име за неа.

Родителите не се откажале толку лесно од името, па се обратиле до правници и со помош на француските закони сакаат да го зачуват името кое го избрале. Додека не се донесе пресудата, тие го користат секој можен начин преименувањето да се одложи.

Франција е позната по строгите правила, кога се работи за имињата на децата. Претходно, друга брачна двојка сакаше да ги именува своите деца – Нутела, Стробери и Менхетн, но не тоа им беше дозволено.

  
 

Во продолжение, прочитајте ги најбизарните имиња дадени на деца за кои родителите завршиле на суд!

(0)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени