Појавата на Маријано Рахој во Барселона, поттикнувајќи ги шпанските националисти да се мобилизираат, дојде 24 часа откако претходно стотици илјади маршираа низ градот, повикувајќи на независност и ослободување на затворените лидери на Каталонија. Четири дена претходно пак, генералниот штрајк со исти барања го парализира регионот, со што го отсекоа од остатокот од земјата и Европа.

Кризата во Каталонија не покажува знаци на смирување. Наместо тоа, порасна во обем и огорченост, а ниту една страна не покажува подготвеност за компромис. Симнатиот каталонски претседател Карлес Пујгдемонт и четворица негови колеги се во егзил во Белгија, тврдејќи дека не можат да очекуваат никаква правда од Мадрид. Десет други министри и официјални лица беа затворени од шпанските судови.

Изборите што ги закажа шпанската влада по разрешувањето на регионалната администрација, сега стана клучно прашање не само за Каталонија и Шпанија, туку и за Европската унија. Темпото и гравитацијата на она што се одвива, велат западните дипломати и политичари, ги изненадува. Постои сознание дека Брисел ќе мора да се справи со проблемот во Каталонија, како и да се справи со сé поголемиот и похаотичен процес на Брексит.

 
 

Шпанската влада објави дека декларацијата за независност од страна на владата на Каталонија била неуставна и провокативна, чин на бунт. Мантрата на Мадрид е дека во крајна линија исто така е и нерелевантна. Тивкото мнозинство кое што не гласаше на референдумот за независност, ќе го стори тоа сега на претстојните избори во декември и ќе се изложат сепаратистите како што се, гласно малцинство.

Демократичката одлука за нашата иднина не е криминал

Но, посетата на Рахој на Барселона, прва по референдумот за независност, како и сé поголемиот итен повик за организирање шпански лојалисти, укажуваат на тоа дека Мадрид не е толку сигурен во исходот како што тврди. Анкетите покажаа зголемување на поддршката за независност и овие бројки се чини дека се одржуваат и покрај неуспехот на сепаратистите да формираат обединет фронт.

  
 

За ова, во голема мера, е виновна самата шпанска влада. Таа создаде незадоволство кај луѓето што можеше да ги придобие доколку се потрудеше. Околу 90 отсто од гласовите на референдумот беа за независност според извори од каталонската администрација во неколку наврати, но само 42,3 отсто од граѓаните со право на глас гласаа, што во приказната зо Каталонија претходно овој месец, сугерира дека имало вознемиреност за начинот на кој Пуигдемон и неговите министри ја водеа процедурата со брзање да прогласат независност.

Нивниот лет до Белгија – откако Пуигдемонт изјави дека ќе ја предводи новонастанатата независна држава од првите редови – не помина добро кај многу луѓе, вклучувајќи ги и некои од оние кои се појавуваа на сепаратистичките демонстрации. Се поставија прашања за неговото присуство во Белгија, додека Каталонците маршираа против она што го гледаат како обид на Мадрид да ја потисне демократијата.

Изјавите на Пујгдемонт од Брисел додека каталонските министри кои останаа се појавиле на суд во Мадрид и се соочуваат со обвиненија кои носат до 30 години затвор, дополнително го нарушуваат неговиот кредибилитет. Влијателниот весник “Ел Периодико” објави статија под наслов “Господине претседателе, доста е доста”. Сомнежите се зголемуваат на протестите во Барселона. На еден од тие протести, додека луѓето околу него климаа во знак на одобрување, Енрико Кастелс, мавтајќи со знаме на Каталонија, ги пренесуваше грижите на другите кога изјави: “Чудно е што другите отидоа да се бранат во Мадрид, а тој е во Белгија. Ова не е во ред, сигурно требаше да постои единство во ова.”

 
loading...
 

Мадрид имал можност да го гради и да го искористи ова чувство. Обвинетите министри можеа да добијат кауција и помирувачки мерки што ќе им овозможат на двете страни да се повлечат од работ. Наместо тоа, сите, освен еден од министрите, беа затворени. Ова доведе до протести и обвинувања за франковистички тактики и ја зголеми сепаратистичката кауза.

Шпанската влада тврдеше дека нема никаква врска со притворот. Официјалниот портпарол Иниго Мендез тврди дека “постои поделба на власта во Шпанија и она што се случило е во сферата на судскиот систем и надвор од дофатот на владата”. Каталонските националисти го отфрлија ова, тврдејќи дека шпанското судство има неславна историја на потчинетост кон државата.

Декемвриските избори, со каталонските министри во затвор и симнатиот претседател во егзил, ќе бидат во фокусот на голем меѓународен интерес. И нема избори на Запад во моментот кои ќе поминат без обвинувања за вмешаност на Русија. Пропагандните набљудувачи на Европската унија известуваат за значителен пораст на протокот на лажни и алармантни информации на шпански и руски од почетокот на кризата.

Еден наслов на страната на рускиот сајт Полит Експерт, на денот на каталонската декларација за независност, предупреди дека “светските сили се подготвуваат за војна во Европа”. Фејсбук пост од молдавски претставник обвини дека “официјалните претставници на ЕУ го поддржуваат насилството во Каталонија”. Паралели се извлечени помеѓу Крим, анектиран од Русија во Украина и Каталонија. “Дали Шпанија ја повторува грешката на Украина?” беше поставено прашање на каналот Rossiya 1. Радио Спутник, објавуваше повеќе приказни врз основа на твитови од Џулијан Асанж, кој до пред два месеци никогаш немаше твитнато за Каталонија, отколку на она што го кажаа Рахој или Пуигдемон.

Анкетите покажуваат дека партиите за независност ќе освојат најголем дел од гласовите, но можеби нема да добијат севкупно мнозинство. Неизвесноста што овие избори ќе ја создадат и кои чекори ќе ги превзеде Мадрид за следни, најверојатно ќе ја обликуваат непосредната иднина на прашањето.

Со зголемување на можноста за непостигнување на договор околу Брексит, Европската унија има барем можност да ги мие рацете од Британија и да продолжи понатаму. Што ќе се случи ако декемвриското гласање во Каталонија го отвори патот за независност? Регионалната независност автоматски нема да ја направи новата држава членка на Унијата. Шпанија жестоко ќе се спротивстави на можноста Каталонија да добие брзо членство. Но, дали Европската унија сака да ја задржи Каталонија надвор, кога ја има 15-та највисока популација во ЕУ и поголем БДП од Португалија? Како ќе реагираат другите членки ако Мадрид, всушност, спроведе вооружена окупација на регионот?

Длабоките поделби предизвикани од она што се случило и кампањата за независност на Каталонија, веројатно нема да завршат во врзо време. Кризата и евентуалната можност за Catalexit, е нешто што Европската унија ќе мора да го решава уште долго време.

Ким Сенгупта – Индепендент

(73)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени