| 10.10.2017. ЗДРАВА ХРАНА

Секогаш е добро да имате при рака рецепт за некоја храна која брзо се приготвува. Така, ненајавените гости секогаш ќе ги изненадите, а денешниот рецепт за брзи погачи ќе го постигне токму тој ефект. Брзи и вкусни, освен шунка и кашкавал, можете да ги полните и со состојки по ваша желба.

Потребни состојки:
– 1 чаша јогурт
– 2 чаши брашно
– 1 чаша рендан кашкавал
– 150г. шунка
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка шеќер
– 1 лажичка сода бикарбона
– масло по потреба

Подготовка:
Од брашното, јогуртот, солта, шеќерот и содата бикарбона замесете тесто. Од добиеното тесто направете топчиња и развлечете ги со сукало.

 
 

На едно парче ставете рендан кашкавал (или тврдо сирење) и парче шунка. Поклопете со друго парче и добро спојте ги краевите. Повторете го процесот со сите парчиња. Пржете ги во тава со загреано масло од двете страни.

Крв да ви се стори!

(108)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени