| 07.09.2016. ПО ДОМА

Политички гледано, проширувањето на Европската Унија стана реалност во 2004 година кога влегоа дури 10 нови земји членки од централна и јужна Европа: Полска, Естонија, Република Чешка, Кипар, Унгарија, Летонија, Литванија, Малта, Словачка и Словенија. Тоа е најголемото проширување направено досега, во смисла на територија, држави, популација, итн. Оттогаш наваму сé повеќе се става под лупа (и под маса) прашањето за проширување, особено по влезот на Романија и Бугарија и сите предизвици што ги однесоа со себе во Унијата во изминатите години. „Големата дама“ пак, не само што претрпе шок оваа година со излегување на Велика Британија од ЕУ, туку и покажа дека навистина е можно „невозможното“ сценарио.

Сепак, за да стане една земја членка на ЕУ потребно е да ги исполни обврските кои ги наметнува членството со бараните политички и економски критериуми. Потребно е исто така земјата –кандидат веќе да има постигнато стабилност на институциите кои ќе гарантираат демократија, владеење на правото, човековите права и почитувањето и заштитата на малцинствата (политички критериум). Потребно е постоење на функционална пазарна економија и капацитет да се носи со конкурентскиот притисок и пазарните сили во Унијата (економски критериум). Но, што значи тоа во пракса?! За да се постигнат сите овие критериуми ќе мора да покажеме дека сме го усогласиле националното законодавство со законодавството на ЕУ, или поедноставно кажано: нашите закони да ги усогласиме со едно 60.000 прописи/директиви од ЕУ од разни области.

#Евенапример ЕУ има посебна директива за кокошките од кои треба да се произведе месо. За нив се определува точно колку светлина треба да им се пружи, колку пати им следува јадење на ден, колку пати да се уклучува вентилација и доколку им е ладно „да им се пушти греење“. Воедно, утврдено е дека не треба да слушаат галама и да се под стрес, цитирам дел од Директивата: „Нивото на бучава треба да биде минимизирано. Феновите за вентилација и другата опрема која е поставена, треба да се операционализира на начин што ќе предизвикува минимум бучава“.

 
 

Она што мене ме фасцинираше е дека е пропишана и жива мера по килограм на метар квдратен. Значи не смее да има повеќе од 39 килограми – живи кокошки на метар квадратен. Е сега, споредбено со поставеност на државна администрација од 16 луѓе, во просек по 70 кила жива мера по човек сместени во 16 квадрати работна просторија, без вентилација, тогаш и не ме чуди што сме на ова дереџе. Ние луѓето не можеме да ги сместиме во нормални работни услови, а они бараат кокошките да не ги ставаме под стрес.

Во тој случај, оној што ќе ми зборува во предизборна кампања дека нивен приоритет е членство во ЕУ или не знае што значи влез во ЕУ или стварно мисли дека условите се однесуваат само на кокошките. Се прашувам: Дали не е поубаво да си кокошка во некоја земја членка на ЕУ?!

(666)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Лилјана Пецова
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени