| 06.05.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Палачинките се еден од омилените десерти не само на децата туку и на возрасните. За тие да бидат уште повкусни овој пат ви нудиме рецепт за чоколадни палачинки со вкусен карамел сос. Рај за непцата и сите останати сетила!

Состојки:
– 2 јајца
– 1 чаша какао во прав
– 3 ½ лажици путер, на собна температура
– 3 лажици млеко
– 1 лажичка екстракт од ванила
– ¼ чаша брашно
– малку сол
– 1 лажичка масло

Начин на подготовка:
Во сад изматете ги јајцата и додадете го какаото. Потоа додадете ги путерот, млекото, ванилата и убаво измешајте. На крајот додадете ги брашното и солта и мешајте додека не добиете хомогена смеса без грутчиња.

 
 

Загрејте ја тавата за палачинки, намачкајте ја со масло и ставете доволно смеса за да се прекрие целиот долен дел на тавата.

Додека палачинката е сè уште топла премачкајте ја со карамел сос и сервирајте со декорација по желба.

raj-za-nepcata-cokoladni-palacinki-polneti-so-karamela-2.jpg

  
 

За полнење – карамел сос:

Состојки
– 1 шолја шеќер
– ¼ шолја вода
– ¾ хопла
– 3 ½ лажици путер
– малку морска сол

Во длабока тава ставете ги шеќерот и водата, и варете на среден оган се додека шеќерот не се растопи. Зголемете ја температурата додека растопениот шеќер не зоврие.

 
loading...
 

Кога сирупот ќе добие златна боја тргнете го од оган и внимателно додавајте ја хоплата со постојано мешање. На крај додадете ги солта и путерот. Ставете ја карамелата во тегла и оставете ја теглата отворена додека сосот не се олади. Потоа може да ги мачкате палачинките.

raj-za-nepcata-cokoladni-palacinki-polneti-so-karamela-3.jpg

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени