| 07.02.2018. ПО ДОМА

Виолетовиот напиток од црвена зелка можете да го збогатите и да му го подобрите вкусот такашто ќе додадете сливи, портокал, цвекло и целер. Освен со вкусот и пракрасната боја, ќе ве освои со бројни здравствени благодети како што е заштита од рак, хипертензија и проблеми со варењето. Еве зошто уште е добро да се пие сок од црвена зелка.

Ризница на витамини и минерали

Иако на нашето мени почесто имаме зелена зелка, всушност, повеќе би требало да ја консумираме црвената. Имено, црвената зелка има поголеми нутритивни вредности и задоволува дури 85 отсто од нашите дневни потреби за витамин Ц, за разлика од зелената зелка која задоволува 47 отсто од дневните потреби за овој исклучително важен витамин.

 
 

Верувале или не, црвената зелка е побогата со витамин Ц од самите портокали.

Црвената зелка спаѓа помеѓу алкалните намирници кои одржуваат здрави pH вредности во организмот и штитат од воспелителни процеси, рак и други тешки заболувања. Оваа суперздрава намирница чија прекрасна виолетова боја укажува на богатство на антоцијанини, содржи тиамин, фолати, калциум, манган, магнезиум, железо и калиум, витамини Ц, А, Е и К, диетални влакна и витамини од групата Б.

Лековити својства на црвената зелка

  
 

1. Превенција од рак

Благодарение на озибилието од антиоксиданси и антоцијанини, црвената зелка го намалува ризикот од рак и има силни противвоспалителни својства.
Антиоксидансите го неутрализираат делувањето на штетните слободни радикали, кои, освен што го забрзуваат стареењето, го зголемуваат ризикот од рак и од срцеви заболувања.
Материите од црвената зелка познати под името индоли го намалуваат туморот на дојки кај жената, покажале истражувањата.
Витаминот А исто така, докажано го намалува ризикот од рак на белите дробови.

2. Го поттикнува варењето и ги намалува притисокот и холестеролот

 
loading...
 

Црвената зелка е вистински чистач на цревата.
Диеталните влакна што ги содржат ја помагаат работата на цревата и елиминацијата на отпадни материи од организмот.
Оваа намирница исто така ги снижува холестеролот и крвниот притисок, па би требало што почесто да ја јадат оние кои боледуваат од хипертензија и на кои им се заканува ризик од затнати крвни жили.

3. Го забавува стареењето и штити од Алцхајмерова болест

Црвената зелка се покажала како вистински сојузник на здравјето на мозокот.
Со неговата консумација ќе им помогнете на своите мозочни функции и ќе го намалите ризикот од Алцхајмерова болест.
Антоцијанинот од црвената зелка го намалуваат создавањето на плак во мозокот, кој се доведува во врска со деменцијата и Алцхајмеровата болест.

4. Го чува здравјето на очите и коските

Витаминот A со кој изобилува црвената зелка го штити вашиот вид и здравјето на очите и го намалува ризикот од макуларна дегенерација.
Исто така, овој витамин придонесува за здравјето на забите, коските и сврзувачкото ткиво. Витаминот К од црвената зелка придонесува и за густината на коските.
Црвената зелка го ублажува и артритисот и болките во коските и зглобовите.

Рецепт за сок од зелка
Состојки:

3 сливи
¼ помала главица на црвена зелка
1 корен цвекло
2 стебленца целер
1 портокал

Приготвување:

Извадете ги семките од сливите. Сите состојки добро измијте ги. Излупете го портокалот, а зелката изрендајте ја. Ставете ги сите состојки во блендер или во соковник и мешајте додека не добиете сок.
Овој сок е многу добар за желудникот и за системот за варење. Ги чисти бубрезите и целиот организам, го снижува крвниот притисок и има антиканцерогено дејство.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени