| 15.09.2015. ПО ДОМА

Секое утро се запрашувам дали сум дел од некоја Орвелова имагинација, бидејќи без разлика на текот на времето, секое утро – сѐ се враќа како Фукоово нишало кон истиот момент. Се чувстувам како да пробуваме секој ден да направиме некаков напредок, како нешто да ни ја одзема силата и сосема неучтиво да нѐ турка наназад. Велиме напредуваме со помош на државата која треба да ни служи како алатка, но сѐ почесто вредноста на нашите односи се губи и се претопува во љубов кон државата како ентитет кој го надвладува народот и неговите потреби. Тоа е како правење на реконструкција врз нешто коешто физички не постои, но сепак одиме до крај во тоа, само за да го негуваме чувството кон придавката пред „човекот“ наместо самиот човек.

Она коешто го гледам секој ден и патем – слушам, ми ја има целосно замаглено идејата за функцијата на државата којашто треба да им помогне на младите луѓе да зачнат љубов кон науката. Неповрзливи со тоа ми се десетте минути во коишто, основците од мојата општина Аеродром, стојат здрвено пред дигањето на македонското знаме во училишните дворови, слушајќи ја македонската химна (којашто како ехо се протега низ широчината на нашата населба) или нивното доцнење на училиште сѐ со цел да го избегнат овој момент. „Вирусот националистички“ полека го пуштиле како тивка вода, во песна и нечиј сон, а децата дали сакаат да го практикуваат ова – никој не ги запрашал.

Песната завршува и конечно сите влегуваат низ главниот влез (сѐ уште секако построени). Сепак има и неколку групи што ги пресретнувам по пат и не можам да издржам, а да не ги забележам. Кутрите тие сите облечени во униформи, ги гледам како ги тегнат де од лево де од десно панталоните или сукњите коишто веќе им се мали ама задолжителни. В зиме на неколку од нив им се гледаат и фармерки под скоро проsирните алишта, а в лете истите се засукани затоа што се долги. Учтива желба е изгледа на „државата“ – секое девојче да носи под сукњата – фармерки.

 
 

Првата униформа е бесплатна исто како кога првиот месец за плаќање сметка од интернет. По „првината“, „ако не платиш – нема интернет“, слично како „ако немаш униформа – нема ниту настава“.

Во законот за основно образование не се ни споменува зборот „униформа“, а уште помалку се споменати казнените мерки за не носење на истата. Родителите, без разлика дали се сложуваат или не со ваквите одлуки, се принудени да платат дополнително ако сакаат нивното дете да се пресоблече, макар и два пати во неделата. Настрана од неквалитетот на униформите, квантитетот за „бесплатно“ би го свела на фактор – капитализам, а односот кон децата на поединци професори, послушници – на фашизам. Ако ни се мали униформите, ќе си ги туриме на главата, а ако немаме – мораме да ја напуштиме наставата.

Мања Величковска – Л.Д. Солидарност

  
 

Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

(869)

 
loading...
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени