| 01.03.2018. ЕВОЛУЦИЈА

Водечкиот дизајнер во областа на воздухопловството Најџел Гуд, чија компанија веќе 30 години соработува со авио компании ширум светот, вели дека нивната работа како дизајнери е да ги зајакнуваат брендовите на овие компании и да ги направат попрепознатливи.

– Сепак нашата основна работа е да креираме нешто што обезбедува комфор и создава пријатно опкружување. Поентата е во креирање на што помалку стресни искуства кај патниците при патувањата, а сината боја предизвикува чувство на смиреност.

Додека некои авионски компании избираат поотворени нијанси, други пак, се одлучуваа за „пригушени“ тонови. Општа цел е создавање на чувство на опуштеност, исто како да сте дома“, додава Гуд. Тој тренд на сини седишта се појавил пред неколку децении и едноставно се одржал до денеска.

 
 

„Сината стана корпоративна боја која симболизира доверба и безбедност, па се уште ја користат сите големи, постари комапии“, заклучува Најџел Гуд. Неколку претходни студии покажаа силна врска помеѓу бојата и перцепцијата на потрошувачите на брендот, вклучувајќи ги и оние каде што истражувачите забележале дека 90 отсто, мислењето за некој производ потрошувачите го креираат врз основа на бојата.

(0)

  
 

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени