| 01.10.2016.НА ТЕФЕРИЧ
Воведување на мензи во основните училишта под надзор на вработен нутриционист?

Колку се грижиме за здравата исхрана на децата? Голем број на училишта во Македонија немаат свои мензи, тоа би претставувало голем трошок за надлежните, меѓутоа здравјето на децата е побитно? Дополнително вработување на минимум еден нутриционист кој ќе го прави менито и ќе има надзор над храната, како и да се грижи за набавките.

Зголемени трошоци на училиштата, зголемени давачки и даноци за граѓанте? Дополнителен трошок за родителите, ќе може ли домашниот буџет да поднесе дополнителни давачки од минимум 1500 денари месечно по ученик? Дали да биде задолжително за сите ученици или по желба? Колку ќе бидат погодени киосците за брза храна околу училиштата и што со вработените и нивната егзистенција? Дали да се воведат дополнителни даноци за сопстевниците на киосци за брза храна во близина на училиштата ако не се дислоцираат или ја сменат понудата?

Домашното воспитување и насоките од родителите може да “заврши работа“, немора дополнителни давачки и мензи? Здрави навики, здрава нација?

Во прилог дел од аргументите кои ги дадоа некои од дебатерите, а Вие ја имате можноста да поддржите некој од тимовите кои сметате дека е во право, давајќи го вашиот глас за некој од нив веднаш под објавените аргументи или да го оставите својот аргумент во вид на коментар под дебатата. Гласањето, односно можноста за давање на поддршка на некој од тимовите трае се до објавувањето на наредната дебата. Секој посетител може да гласа само еднаш!

Доколку сакате да земете учество на наредната дебата на тема: Повеќе е подобро? Бројот на универзитети зголемен во Македонија. Имаме ли квалитетно високо образование? Кликнете овде!

Тим ЗА

– ДА, се согласувам. Јас лично кога бев во средно се хранев на ист начин затоа што бев приморан да јадам брза храна и да давам секој ден по 50-60 денари или пак да не јадам ништо туку да чекам да дојдам дома па потоа да јадам. Убаво е да има училишна менза во средните затоа што има предности според сите стандарди и далеку е подобро од колку да јадеш секој ден тост, бурек…

Рубин Аризанковски

– Трошоците за исхрана треба да ги сноси државата. Грижата за менито треба да е централна, односно секаде исто да се хранат учениците. Парите за храната и одржувањето на мензите треба да се обезбедува од ДДВ кое ќе се наплатува и од акцизите на државата.

Марина Димитрова

– Вклучувањето на нутриционист не само што е потребно туку би требало да биде и задолжително. Нормативите кои постојат и се дадени од страна на министерството пред се, се однесуваат на квантитативно задоволување на одредени стандарди во однос на потребата од исхрана на децата од соодветна возраст. На тој начин би се постигнала поздрава и нутритивно побогата храна за децата.
– Подготовката на мениа и следењето на набавките од страна на нутриционист, не само што ќе помогне во добивањето на поквалитетни, поздрави оброци за децата, туку воедно би можело и да се постигне и оптимизација на буџетот и трошоците за набавка и подготовка на храната. Исто така, учениците постојано би добивале предавања околу храната и нејзиното значење во одржување на здравјето.
– Киосците за брза или процесирана, нездрава храна во просториите на училиштата треба да бидат затворени, односно органичени во понудата, додека тие кои работат во непосредна близина на училиштата треба да имаат поголеми даноци или исто така ограничена понуда.

Сашко

– Сум за ваков еден проект бидејќи како прво сметам дека големи се трошоците на родителите за храната која ја купуваат децата надвор од училиштата, а патем е и нездрава, односно брза храна.
– И заради социјализацијата на децата во мензите додека се хранат и повеќе вработувања

Сабина Саби

– Еве пример за многу работи во училиштата во Јапонија, вклучувајќи ја и исхраната таму – http://www.healthyandnaturalhouse.com/they-put-a-camera…/

Лаура Зејнулаи Салихи

– Обавезно… ова дел од основните и средните училишта во Словенија преку интернет еднаш неделно добиваш мени и бираш што за таа недела. Така и оброците се лимитирани и храната не се фрла… Кај нас храната во основните е непроверена и сомнитела (мусака со зелени компири) и сл… а средношколците како да не се деца. Тие воошто немаат менза, а се во најпроблематичниот развој… Мекедонија е земја која не се грижи за својата младина… тажно

Филип Пепе Алчевски

– Предлогот е одличен бидејќи сите знаеме каква храна внесуваат децата во градинките и училиштата. Правилно избалансирана храна и правилен внес на нутриенти, ги прави децата во секој поглед подобри и тоа поотпорни на настинки, различни вирусни заболувања, им дава повеќе енергија за извршување на училишните активности.
– Тука сме ние, дипломираните нутриционисти кои што ова можеме и мораме да го направиме, но за жал денес се поголем е бројот на лица кои се представуваат како “нутрционисти“, кои завршиле некоја обука, курс од 1-2 месеци, и изработуваат некакви си “режими на исхрана“ од кои што последиците се катастрофални. Ќе повторам, одличен пример за подигнување на свеста кај родителите за тоа да внимаваат како се хранат нивните деца, бидејќи ние сме тоа што јадеме!

Илија Бузлевски

– Аргументите шетаат по улица. Девојчиња од по 10, 12, 13 години, надуени со нездрава храна изгледаат како возрасни девојки. А момчињата пак, дебели и хипер активни. p>

Велида Ислами

Тим ПРОТИВ

– Поголема едукација и свест на родителот ќе значи и подобар избор на правилна (не велам здрава) храна за својто дете (ниеден родител не сака штетност за своето дете)
– Како веган голем дел од нутриционистите би ме присилувале дека е нездравост да се јаде само растителна храна (сакам да кажам и нутриционистите извршуваат одредена работа за која се недоволно едуцирани)
– Не треба да плаќам некој за да ми каже што да конзумирам и што мојто дете да конзумира ако доволно сум свесен и совесен како родител (има нешто што се вика интуитивно јадење, а кое денешново „модерно“ општество прави обид за да сите тие интуитивни рецептори ги уништи преку таа вештачка и брза исхрана)

Климент

– До пред десетина години речиси секое училиште кое имаше целодневна настава, имаше и своја кујна, но за жал праксата покажа дека повеќе од 50% храната се фрла затоа што децата не сакаат да ја јадат, бидејќи се нудеа варива и супи. Децата носеа плус пари за ужинка кои родителите им ги даваа и цекаа долги редици пред продавниците на големите одмори…
– Храната спремна во менза е свежа, спремна 1 час пред послужување и од свежи состојки. За жал повеќето деца таков тип на храна пробуваат само во училишните мензи. НО, за да ја јадат таа храна децата треба да бидат припремени и едуцирани дека таа е добра и здрава за нив.
– Она што сакам да го кажам е дека навиките за исхрана се стекнуваат дома во кругот на семејството, училиштето треба само да се надоврзе на добрите прехрамбени навики. За ужинка може да се понесе и нешто храна од дома, наместо пари. Инаку здравиот оброк не е поскап од брзата храна, не е здраво само чија семето и киноата, здрави се и зелката и боранијата и грашокот, а не чинат многу, но оваа храна за жалне ја конзумираат ни родителите на децата! И за крај, јас сум по професија дипломиран нутриционист.

Надица Илиевска

– Мислам дека со нутриционишката храна децата ќе ги направиме дебили. Како што гледам ние сите поточно 90-посто од населението што се храневме традиционално, мислам не ни фали ништо, секои нови начини на исхрана само ги доведуваат луѓето да станат понеимуни на болести, поточно да заболуваат од др. непознати или ретки болести – затоа ве молам не тестирајте со децата.
– Дали знаете дека децата од мали внесуваат секаква храна и пијалоци, некоја е добра некоја лоша, но воопшто и лошата храна и добрата само го ојачуваат имунитетот на децата-ако ги лишиме од секојдневната храна која ја конзумираат и нивните родители ќе направиме хаос во нивниот дигестивен систем. Дали и дома ќе треба да ја конзумираат нутриционишката храна која вероватно и 90 % од семејствата економски нема да можат да ја плаќаат и воопшто зошто само тестирате на децата и кој докажал дека луѓето што се хранат така се премногу здрави, а другите кои се хранат традиционално се нездрави. Не би рекол-треба студии, големи студии за така некој да пресече и рече од денес децата ќе се хранат вака и никако другачие.

Дејан Тимовски

– Бадијала е да им се наметнува со сила нешто на децата, па нека е и „здрава храна“. Нека се едуцираат, а на крај нека изберат што ќе јадат. И да, да им се овозможат на родителите пристојни примања за купување здрави намирници, да видите како ќе се промени квалитетот на исхрана и живот воопшто.

Александар Симеонов

– Убава идеа, но за да се постигне прифатлива цена за сите ученици повторно ќе се приготвува храна од готово пире, пржени стекови, шпагети, макарони. Вакви училишта со мензи веќе има, едни јадат во целодневен престој, други гледаат, трети не се во целодневен престој и си одат. За да може сите деца да се хранат квалитетно во училиштата и државата треба да издвојува средства 50 – 50… Многу е поважно отколку другите бенефиции што се даваат. Така барем еден оброк квалитетен ќе имаат и оние деца од посиромашните фамилии.

Роза Милошева

(2449)

Тим ЗА 91%
 
 
Тим ПРОТИВ 9%
Гласањето е затворено
  
  • Проектот „Биди ИН, дебатирај“ е во организација на www.livada.mk и е во рамките на програмата Цивика Мобилитас.

    Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска

    Содржината на овој веб портал и дебата е единствена одговорност на Здружението на граѓани за развој на критичка мисла Ливада Скопје и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Se slozuvam so site pozitivni predlozi no bi predlozila zosto i da ne se subvencionira i ishranata vo ucilisnite menzi ili nekoj drug nacin kade celokupniot trosok za ishrana da ne padne na teret na roditelite a decata cii roditeli se korisnici na socijalna pomos da bidat oslobodeni od plakanje pa taka i tie barem da imaat eden soliden obrok vo denot . Ne bi se slozila so idejata na sloboden izbor
    ( Анонимен 2016-10-05 15:46:35 )
  • Најбитно е дека секоја храна која ќе се припрема било во школските мензи било дома е да биде вкусна и прифатлива за децата како би ја јаделе. Проблемот наш е тоа што здравата храна која се припрема во мензите или дома не е толку вкусна како што е тоа со брзата храна. Значи не треба едукација на децата туку едукација на готвачите и родителите како да припремаат здрава и вкусна храна.
    ( Гастрономија 2016-10-07 09:43:54 )
  • Hема коментари
    1. Најбитно е дека секоја храна која ќе се припрема било во школските мензи било дома е да биде вкусна и прифатлива за децата како би ја јаделе. Проблемот наш е тоа што здравата храна која се припрема во мензите или дома не е толку вкусна како што е тоа со брзата храна. Значи не треба едукација на децата туку едукација на готвачите и родителите како да припремаат здрава и вкусна храна.
      ( Гастрономија 2016-10-07 09:43:54 )
      Ми се допаѓа(1) Не ми се допаѓа(0)
    2. Se slozuvam so site pozitivni predlozi no bi predlozila zosto i da ne se subvencionira i ishranata vo ucilisnite menzi ili nekoj drug nacin kade celokupniot trosok za ishrana da ne padne na teret na roditelite a decata cii roditeli se korisnici na socijalna pomos da bidat oslobodeni od plakanje pa taka i tie barem da imaat eden soliden obrok vo denot . Ne bi se slozila so idejata na sloboden izbor
      ( Анонимен 2016-10-05 15:46:35 )
      Ми се допаѓа(1) Не ми се допаѓа(0)