| 23.07.2015.НА ТЕФЕРИЧ
Дали алтернативната медицина е корисна и безбездна по нашето здравје?

Тим ЗА

– Многу пати има супер ефекти со алтернативната медицина, без никакви нус појави, како што мене лично ми се јавија компликации со фармацевтските лекови за желудникот, исто со алтернативна лечевме ешерихија, а со традицонална, класична медицина тоа неможевме да го завршиме успешно и пак без нус појави, да не зборувам за чаеви за стомачни тегоби и вируси!
– А за автоимуните болести не сум слушнала дека класичната медицина има успешни лекувања, а алтернативната има случаи кои со успешност ги има отстрането!

Данче Бибановска

– Да, бидејќи нема или има многу малку несакани последици, кои сепак се помалку штетни од последиците настанати од конвенционалната медицина!
– Хемиските лекови се штетни и не го лекуваат пациентот, туку само симптомите на болеста, за разлика од природата.
– Фармацијата создава потрошувачи, а не среќни и излечени луѓе. Фармацијата работи само за профит!

420 Macedonia

– Апсолутно е безбедна, бидејќи е користена успешно од кога постои човештвото.
– Бог не згрешил кога ја создавал природата, поголема е веројатноста човекот да згреши во лабораторија!

Monique

– Огромен број на денес прифатени медицински практики на почетокот биле гледани и третирани како алтернатива и немало голема доверба во нив. Не е во ред да им се оневозможува на болните луѓе пристап до нешто или некој третман кој за 20 години можеби ќе се смета како современа медицинска практика.
– Мора да се почне од негде и секако дека се си носи свој ризик ако се злоупотребува или несоодветно се користи. Сепак големи сте, си знаете колку и како ви треба…

Славе

– Луѓето кои ги нудат алтернативните методи, ги практикуваат врз себе и врз други, и ја разбираат проблематиката, склони се да поминуваат повеќе време со нивните “пациенти“ и да ги разбираат, перцепираат подобро нив како целини, а како резултат на тоа можат да го лечат подобро човекот отколку симптомот.

Јана Миленковска

Тим ПРОТИВ

– Не сум целосно против алтернативната медицина и практика, меѓутоа сметам дека секогаш треба да се користи како последен чекор.
– Бидејќи, многу од таквите алтернативни лекови и слично, како на пример хомеопатијата, не нудат ништо според мене освен лажна надеж и може да ги обесхрабрат луѓето да се консултираат со доктори за некои многу сериозни симптоми. Затоа сепак, прво доктор, па ако докторот неможе да ти го најде чарето, ништо не те кошта и со алтернатива да пробаш.

Милена

– Иако многу луѓе ги користат и алтернативната медицина и оваа научната да речам, мислам дека постои голем број на луѓе чиј број расте, кои ја одбиваат конвенционалната медицина во случаи кои се со фатални последици.
– Достапноста на некаква си алтернативна медицина на секој ќош кај нас треба да покрене сериозни аларми што се однесува до етичките и правните односи помеѓу пациентот и неговиот “врач“. Исто така, се поткопува и стрикниот режим на надзор од страна на квалификувани медицински професионалци кој би ви го посветиле во установа отколку некој од улица.

Станислава Јордановска

– Верувам во алтернативна медицина до некој степен, меѓутоа дека е сосем безбедна и корисна не би се сложил. Никој неможе да знае дали производите кои ги купуваш без декларации и слично, што содржат, дали навистина се природни итн. Само сам ако си го наберам, ќе знам дека е ок. Значи тука зборам најмногу за безбедноста. Нус појави и тоа како може да има.

Иван

– Не си играјте со животите ваши и на вашите најмили. Пред 100 години така со алтернативни лекови и терапии се лечеле па кој без заби, кој од обични настинки умирале, а да не зборам за посериозните болести на денешницава. Во тие времиња човек да доживеел 60 години требало да е жив среќен, а денес просечниот животен век на луѓето е кренат неколку кратно, се благодарение на класичната медицина.
– Лекарствата кои се даваат на пациентите, во зависност и од болеста и од самиот организам може да имаат нус појави, но може да се има нус појави и од алтернативни третмани, се зависи од човекот и состојбата.

Љубица

(322)

Тим ЗА 40%
 
 
Тим ПРОТИВ 60%
Гласањето е затворено
  
  • Проектот „Биди ИН, дебатирај“ е во организација на www.livada.mk и е во рамките на програмата Цивика Мобилитас.

    Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска

    Содржината на овој веб портал и дебата е единствена одговорност на Здружението на граѓани за развој на критичка мисла Ливада Скопје и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари