| 05.09.2017.НА ТЕФЕРИЧ
Дали би поддржале легализација на проституција?

Во Македонија проституцијата е казнива со закон и за оние кои се бават со неа и за оние кои ги користат услугите. Сепак најстарата професија на светот како што популарно е наречена е присутна секаде, па и кај нас, во форма на нелегална трговија и услуги.

Ако утре се покрене прашањето за легализација на проституцијата, дали би поддржале една таква иницијатива, без разлика дали сте корисник или давател на услугите, или ниту едно од нив?

Во соседството како најблиски примери за целосна или делумна легализација на нудењето сексуални услуги ни се Ребублика Бугарија и Република Грција, двете земји членки на ЕУ и НАТО. Во Европа и светот има десетици земји кои ја легализирале оваа појава, па многу примери и податоци може да се земат од нивните искуства, односно дали имале поголема корист со таа мерка или не.

Во Автралија, по легализацијата на проституцијата во 20-от век, официјалните податоци говорат дека бројот на сексуално преносливи болести опаднал, пројот на насилства поврзани со секс исто така, иронично и бројот на разводи паднал за 8%, а приливите од даноците кон државата од легалните бордели цветале.

Секако, освен за евентуалните финансиски придобивки кон државата, треба да размислиме и за здравјето на сексуалните работници, но и на корисниците на нивните услуги. Редовните прегледи, лиценци за работа, безбедната околина, удар врз трговијата со луѓе и киднапирањата итн. се придобивки од морален и човечки аспект од евентуалната легализација на проституцијата. Кои се вашите ставови по однос на оваа тема за дебата?

Во прилог дел од аргументите кои ги дадоа некои од дебатерите, а Вие ја имате можноста да поддржите некој од тимовите кои сметате дека е во право, давајќи го вашиот глас за некој од нив веднаш под објавените аргументи или да го оставите својот аргумент во вид на коментар под дебатата. Гласањето, односно можноста за давање на поддршка на некој од тимовите трае се до објавувањето на наредната дебата. Секој посетител може да гласа само еднаш!

Тим ЗА

– Заштита на здравјето на давателите на услугите и на корисниците.
– Спречување на трговијата со бело робје, законски средена работа и подобра околина.
– Зголемување на даночните приходи на државата.

Злате Анцов Кец

– Ќе се намали трговијата со луѓе и држење во ропство
– ќе се плаќаат даноци према државата
– ќе се намали заболувањето од сида затоа што давателите на услуги ќе бидат подложени на лекарски прегледи, ќе се намалат разводите поради тоа што ќе имаш секс без никакви обврски

Роберт

– Таа е реалноста ако погледнете. Секако ја има и од неа профитираат одредени луѓе. Нека биде легална барем државата ќе има некој профит, вака оди кај поединци.

Боби Тенис Јакимовски

– Проституцијата не е исклучиво женска професија. Спомнувам зашто во досегашнава дискусија тоа ми се чини дека се превидува или премолчува. А најискрен аргумент за нејзината легализација е, според мене, социјалната и здравствената заштита на тие работници и работнички. Кај нас е всушност легална т.е. јавна – пред нисот на МВР, Општинските судови и академските институции, само ги нема бенефициите на заштита на работниците кои одат заедно со легалноста.

Наташа Аврамовска

– Секако! Мора за државата да ги заштити! Зашто да бидат искористувани, уценувани и да даваат рекет (бесплатни услуги) за да работат чесно

Игор Ѓерасимовски

– Апсолутно е неопходно легализирање на проституцијата и тоа не само затоа што таму некоја си држава веке го сторила тоа. Прво и основно, на тој начин ке се стави контрола врз тој бизнис, а тоа значи редовни прегледи, сертификација, пензиско и здравствено осигурување, декриминализација, право на синдикално здружување, заштита на правата како давател на услуга. А за корисниците придобивка ке биде здравствена сигурност, заштита од можни криминални дејанија, злоупотреби, поголем избор, полесен пристап до услугата која им е потребна.

Славчо Јованов

– Колку политички транзиции (перверзии) растуриле семејства, фирми, цели стопанства, па дури и држава? Најперверзната проститутка неможе да растури стопанство и држава. Но, простиот политичар…може, се разбира поддржан од високо моралните партиски членови. Проститутката ја поседуваш 1 час, а политичар или продадени души со истата количина пари (колку за еден секс со проститутка) го имаш во џеб, цел живот… Зошто да има скриени барови во Велешта, кога секојдневието потврдува иљадници посети ,,дневен престој,, или ,,краток престој,, во хотелите од 1-5 ѕвезди во Скопје и во цела РМ.
– Со легализацијата, ќе се воведе ред, контрола на црниот промет пари и здравствена контрола и хигиена. Па најголемата енклава за проституција не е во Велешта, туку среде Скопје, под прозорците на МТВ и МВР, а вие глумите ,,поштени кокошки,,. Да дополнам: ниту една проститутка не растурила брак, а колку чесни и скапи ,,швалерки,, го прават тоа секојдневно и дрско….

Ангел Иванов

– Би подржала, зошто тоа се наши луге, пријателки, роднини, деца, зошто да стрепат за здравјето, да имаат макроа и да бидат малтретирани а некогаш и тепани. Па кај МТВ и МВР е права биртија за проституција, на илјади кондоми се шетаат со ветрот по улицата, паркот и паркингот, колку се тоа души, страдања, малтретирањаи уценувања. Таа не се запира туку само легализира, пружете им достоинство на тие млади па и не млади госпогици и госпоѓи да ги извршуваат своите работни обврски од кои хранат семејстава или самите себе. Легализирајте ја проституцијата.

Добринка Б. Господинова

Тим ПРОТИВ

– Не е морално, таква пројава не му прилега на здраво општество.
– Во голем дел жените на почетокот (во повеќето случи во текот на целиот “работен стаж”) работењето е присилно.
– На жените им треба добро платена работа, за да не им подлегнуват на вакви понижувачки опции.

Руми

– Последни сме во се, а се правиме најпаметни, што да им се понуди на странците… Едино љубов друго нема што, за нас не е битно…

Небојша Станковиќ

– Тоа требаше да се направи која ја востановивме нашата држава. Експресно ќе се збогатевме и ќе бевме примени во сите светски организации и асоцијации. И сега не е касно. Треба да први и со легализацијата на геј проституцијата и да отвориме што повее барови и коцкарници. Целиот свет почнува и се повеќе е настран, па зошто не бидеме и ние како него. Од оазата на мирот да станеме оаза на развратот.

Божиновски Пеце

– За тие што сакаат да легализираат проституција, како би се осетиле ако нивните блиски, жени, деца им се продаваат на секакви по тие бордели и слично? Нека одат нека заработат поштено некој денар, нека бидат домаќинќи, нека чуваат деца како што Бог оставил.

Руменко

– Значи телото да се продава за пари тоа е најказниво од Бога, проституција јас не би признал никогаш, голем срам за жената е тоа, со ништо не се опоравува после тоа, и еве ти болести милион после иако оделе на прегледи…

Димче Кизовски

– НЕ… Да не тргаме по умот на сатанистичка Америка и Европа… Ние сме православни христијани и такви гадости и разврати не ни требаат.

Менде Спазов

– Не би поддржал. Ако денес се инфицира вработената, колку време ќе помине додека со анализа на крв или како било, се открие болеста? Сигурно не прават дневни анализи на крв и слично. Значи, потребно е време да се открие, а во меѓувреме повеќе луѓе ќе се заразат.

Сашо Молчанов

– Би ги запрашале луѓето дали сакаат своите ќерки, или сестри, или жени или мајки да се оддадат на неморал, па ако тоа го сакаат нека поддржат вакви работи. Тоа што не го сакате за себе не го нудете на другите. Тоа е законот на човечност, тоа е закон на небото, тоа е цел закон!

Младен Зафировски

– Без разлика колку неморалот е застапен во МК, што е погрешно погрешно е. И касино и проституција и лажење и крадење, се е присутно во МК со векови, ама тоа само по себе не е причина за легализација. Тоа е само треба да не освести дека МК се движи во пропаст. Се почна да се сведува на задоволување ниски страсти, додека чистиот морал се заборава. Господ ќе и суди на Македонија според изборот што ќе го направи.

Трале

– Во земја каде корупцијата цвета на сите нивоа, кој ми гарантира на мене дека утре некој нов Бојку, сега легален бизнисмен, нема да искешира и институции и доктори и се, за да не го замараат со прегледи, лиценци и се да му биде под конец црно на бело, а всушност тоа е дувло на зарази, насилство, дроги, криминал, трговија со луѓе и слично? Сеуште општеството не ни е зрело за ваков чекор ако ме разбирате, инаку сум за тоа да добијат некои права и сигурност сексуалните работници, ама дирекно од 19 во 21 век не се скока…

Боко

(126)

Тим ЗА 83%
 
 
Тим ПРОТИВ 17%
Гласањето е затворено
  
  • Проектот „Биди ИН, дебатирај“ е во организација на www.livada.mk и е во рамките на програмата Цивика Мобилитас.

    Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска

    Содржината на овој веб портал и дебата е единствена одговорност на Здружението на граѓани за развој на критичка мисла Ливада Скопје и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари