| 30.06.2017.НА ТЕФЕРИЧ
Дали екстерното тестирање на учениците во Македонија е добра мерка?

Како една од реформите која ги спроведе владата на ВМРО ДПМНЕ и која беше една од оние кои нажестоко беа напаѓани и бранети, беше токму оваа со екстерното тестирање на учениците. Сега, владата во најава на СДСМ ветува дека таа мерка ќе се укине и дека учениците нема да мораат повеќе да имаат екстерно тестирање.

Како аргументи со кои се поткрепуваше оваа мерка е тоа дека се воведе како одговор на една појава која започна во периодот на транзицијата, а се манифестираше преку масовно пишување највисоки оценки без да се обезбеди дали ученикот има доволно стекнато знаење за таквата оценка. Оттука и реалната опасност дека со нејзино укинување Македонија ќе се врати назад во однос на образовниот процес и дека е на штета на потенцијалот и успесите на децата.

Од друга страна, за противниците на оваа мерка, оваа активност е дел од една масовна операција со која ниту може да се оценат знаењата на учениците ниту може да се измери објективноста на оценувањето од страна на наставниците. Истовремено, според некои критичари „резултатите“ од екстерното беа користени за заплашување на наставниците и тренирање на строгост помеѓу наставничкиот кадар заради остварување на идеолошки и партиски интереси. Добар агрумент за оваа страна е и тоа што со самиот процес се трошеа и доста финансии и време.

Но сега, кога во најава е негово укинување од новата влада, главното прашање останува, дали ова беше добра мерка со која се подобри образованието, или за жал неколку генерации ставени под еден ваков притисок ја изгубија мотивацијата преку образованието да се остварат во своите кариери, како ученици и како наставници?

Во прилог дел од аргументите кои ги дадоа некои од дебатерите, а Вие ја имате можноста да поддржите некој од тимовите кои сметате дека е во право, давајќи го вашиот глас за некој од нив веднаш под објавените аргументи или да го оставите својот аргумент во вид на коментар под дебатата. Гласањето, односно можноста за давање на поддршка на некој од тимовите трае се до објавувањето на наредната дебата. Секој посетител може да гласа само еднаш!

Доколку сакате да земете учество на наредната дебата на тема: Дали бракот е застарена и нефункционална институција? Кликнете овде!

Тим ЗА

– Мораа да учат и да научат, а сега е исто како пред 25 – 30 години, на телефон или со поклони и пријателства ќе добиваат петки. За мене, татко кои има 4-ри деца, се согласувам дека е тешко, стресно, ама се изгуби класната разлика на оценување на учениците. И најбогатите и највлијателните мораа да учат.

Марјан

– Слабите професори што земаат плата, а не си ја вршат квалитетно работата сега нема за што да се грижат, нема контрола, 100% е пролазна.

Љупчо Трпески

– Нормално е дека е добро што го укинаа… Како инаку сега децата што не ја знаат азбуката ќе се запишат на факс?

Ненад Соколов

– Јасно е како ден зошто се укина екстерното тестирање, умилкување бидејќи се неизбежни предвремени избори, барем да мислат дека направиле нешто убаво…

Фиданка Липтова

– Им се стресоа мадињата. Кој учел и научил, намал никаков стрес. Сега ќе си ги одврзувате кесињата за добивање петки како летки.
– Популистичко укинување на екстерното полагање од некои кретени во новата влада, ќе ги донесе учениците до неписменот и нестручност. Дома не ќе можат да најдат работа, а во странство ќе чистат клозети, улици, ќе мијат автомобили и сета гнасна работа што не ќе ја вршат домаќините. Нека им е со среќа.

Борис Апостолов

– А зошто пак, децата да одат воопшто на училиште… дипломите да се испорачуваат по пошта… Каква убава реформа во образованието..

Петар Трајанов

– Екстерното тестирање е добра работа и се реализира во скоро сите поразвиени опшества какво што сите сакаме да е и нашето нели? Така да укинувањето на екстерното не е ништо друго освен само една популистичка мерка на новава влада за привлекување на нови гласачи. Е така бе сдс држава не се води. Подобрување на ектерното ДА меѓутоа укинувањето е крајно штетно за нашите деца

Македонец

– Откако се укина екстерното, наставниците и учениците се “испуштија од синџири“. Сите двојки станаа четворки и петки, никој нема ни страв, ни стрес, ни траума… Сите се задоволни, учениците, родителите, наставниците, за сите подобар живот… Башибозук, сега нема никој пред никого да одговара, никој – никого не проверува. Рај.

С.О. Николоски

– Ако е укинато екстерното, тогаш треба да се укине и задолжителното средно училиште, бидејќи некој да го школуваш бесплатно – книги, превоз и ред други работи, тогаш финалниот производ треба да се провери!

Аспасија Ташевска

– Екстерното е добра мерка, само не така како што се спроведуваше. Јас, по сите предмети им дадов тестови на моите ученици со 30 прашања од екстерното, на заокружување и 90% од учениците ги добија истите оцени како оцените што им ги дадов според следењето. Екстерното ги оценува знаењата што останале како трајни знаења. Треба да се спроведува само не на начинот како што се спроведуваше до сега. Не можат да бидат тестатори од истото училиште. Не може децата со посебни потреби да одговараат на истите прашања како и другите ученици, а учат според индивидуален план, не може секој да составува тест прашања итн…

Тања Метикош

– Укинувањето е враќање на стариот начин на оценување каде децата добиваа оценки според тоа чии се, а не колку знаат.
– Екстерното тестирање треба да остане, од него се плашат само ученици кои не се подготвени за тоа и неписмени професори.

Љупчо Китанов

Тим ПРОТИВ

– 90% од учениците препишуваат
– Не се добива апсолутно никакво знаење
– Непотребен стрес за учениците, наставниците и родителите

Марјан Андонов

– Не е исправно, целогодишното пратење на знаењето на ученикот, да се проверува со еден електронски испит!
– Образованието е образовно-воспитен систем. Ученикот се оценува и за неговото поведение, покажан интерес и активности во целогодишниот период!
– Особено кај матурантите кои веќе имаат матурски испит, а и по корисно е да се воведе приемен за факултет, каде би се проверувало усмерено знаењето на кандидатите за избраниот факултет! За проверка на наставниот кадар, постои инспекторат кој треба да си ја врши работата за која е платен!!!

Борис Николовски

– Представува невиден стрес за учениците, бидејќи со еден тест од цела учебна година не можи да се оцени предавањето и како оценуваат професорите, за тоа колку научил ученикот и исто така со тој тест не можи да се докажи каков е ученикот на часовите и дали е активен или не.

Костадин

– Нивото на тестирање, формулациите на прашања и незаинтересираноста на составувачите на прашања да ја анализираат програмата и во склад со неа да бидат и прашањата
– Сознанието кое е добиено од преставници на англиски обучувачи кои посочија дека ваков тип на тестирање имало во 1949.год од страна на НАТО службите при регрутирање на војници
– Масовни манипулации при реализацијата на тестирањето каде учениците губеа самодоверба а наставниците беа ставани во подредничка положба, застрашувани и деградирани

Сизиф

– Ги наведува учениците на меморирање податоци, безцелно.
– Ги изедначува оцените добиени од наставниците со 30 поставени прашања.
– Резултатите се употребуваат за заплашување на вработените во образованието.

Весна Веснич

– Глуппост невидена, колку и да учите, не е можно за 2 дена (2 дена пред тестирање објавуваат кој што полага) да се повтори целиот материјал, а камо ли да се научи.
– Стрес за професори, стрес за ученици, никогаш не е точно, професорите/наставниците ги одговараат прашањата во складот на оценката што ја имаш, ни подоле ни погоре за да не им “скинат” од плата.

Филип

– Експеримент без суштински квалитет, уназадување на нашето образование, кое не беше до толку ниско ниво, да се брише и секогаш да се започнува со нешто за нас недокажано, недоречено, празно и малку вредно. Не за екстерното во сите степени на образованието.

Здравко Јанкоски

– Прво треба наставниците да се примаат на работа на отворен конкурс по принцип најдобриот да биде одбран, а не конкурсот да биде само про форма зошто веќе се примени на работа претходно со врски, а потоа може да разговараме за квалитетно образование и мерки за негова контрола. Се додека се работи на овој принцип екстерното не треба да се спроведува.

Десанка Ѓорѓиевска

– Не. На екстерното влегуваат наставниците и им ги решаваат задачите на учениците. Ова се прави во секое училиште низ цела држава. Инаку, учениците не можаѕ да одговорат на задачата и не можат да ги правдаат оценките. Цело екстерно е една голема фарса за казнување и бркање од работа на наставниците. Не за ваков модел на екстерно. Потребна е и многу строга контрола при самото изведување и што е најважно учениците воопшто не учат. Со чест на мал број од нив.

Зора Русомарова

– Никој не е против проверки и контроли во воспитно-образовниот процес. Но преку овој начин на екстерна проверка и контрола на работата на наставниците, жртви беа децата. Јас имам дете кое полагаше 4 пати екстерно и имаше одлични оценки. Но пак велам дека таквиот начин на проверка не е објективен и реален.
– За еден саат тестирање не може да се заклучи дека ученикот е одличен или слаб. И најлошиот наставник ќе даде пообјективна оценка, бидејќи работи 9 месеци со тој ученик. Пеку оценките на ученикот следи казна или награда за наставникот. Мислам дека најдобрата проверка ќе се направи ако при вработување на тие наставници се земаат предвид само нивните квалитети и ништо друго. При такви околности сигурно дека тие ќе бидат квалитетни и објективни при оценување на нашите деца и нема да подпаднат под влијанија и притисоци.

Агим Махмути

(4701)

Тим ЗА 36%
 
 
Тим ПРОТИВ 64%
Гласањето е затворено
  
  • Проектот „Биди ИН, дебатирај“ е во организација на www.livada.mk и е во рамките на програмата Цивика Мобилитас.

    Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска

    Содржината на овој веб портал и дебата е единствена одговорност на Здружението на граѓани за развој на критичка мисла Ливада Скопје и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Сакав да се вклучам во дебатата, но текстот е несоодветен за образецот кој е понуден. Го приложувам во продолжение. ДАЛИ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Е ДОБРА МЕРКА? Македонија зад себе има едно негативно искуство со обид за екстерна проверка на знаењата на учениците. Негативно, затоа што, иако се проверуваа знаењата на учениците, тоа не беше цел. Целта на тие проверки беа: 1. Да се утврди објективноста на оцената (значи, не знаењето, но оцените беа во фокус). 2. Да се казнат наставниците (оние кои треба да пренесат знаења, да поттикнат истражувачка љубопитност кај учениците). Поради погрешниот фокус, овој експеримент, кој, за жал, нанесе големи штети на образовниот процес, беше укинат. Но, укинувањето на екстерните тестови не го реши проблемот кој веќе е таргетиран- учениците во државава располагаат со скромни знаења, или, накратко- незнајковци се, што е документирано низ ПИСА тестовите. Место популистичкиот пристап, т.е ад хок прифаќање на тезата дека наставниците и нивните ниски критериуми, необјективни оцени, се виновни за таквата состојба, потребно е да се разгледаат аргументите. Што нуди образовниот систем? Дали понудата е адекватна на побарувачката од страна на пазарот на трудот? Дали начинот на кој се избираат и презентираат содржините се соодветни на консументите, односно на учениците? Да одиме по ред. Што нуди образовниот систем во моментов? 1. Партизирани училишта место национална стратегија 2. Оцени место знаење 3. Обемни наставни програми место конкретни вештини 4. Застарени методи, немотивирани наставници Дали ваквата понуда е соодветна на побарувачката од страна на пазарот на трудот? Прашањево може да се третира како реторско. Никому не му требаат незнајковци, кои не располагаат со ниту една конкретна вештина, а притоа имаат искривена слика за својата вредност на тој ист пазар, бидејќи некој се дрзнал да им потпише сертификат според кој совладале знаења од одделна област во доволен, да не речам одличен, обем. Треба да се има предвид дека најголема жртва на ваквиот нефункционален образовен систем се токму учениците. Ним им се одземени драгоцени години живот, јалово поминато време. Но, проблемот е уште поголем. Денешните ученици се утрешни вработени, носители на општествените процеси. Тоа значи дека лошите политики во образованието се рефлектираат на севкупната иднина на општеството, поткопувајќи ја во нејзиниот темел. Ако земеме предвид дека нашето општество ниту денес не може да се пофали со стручни, квалитетно профилирани кадри, иднината е уште поцрна, доколку останеме на истиот курс. Повеќе од очигледно е дека е нужно неопходно системско вложување напори за подобрување на образованието. Дали екстерни тестирања на учениците ќе не доведат чекор поблиску до посакуваната цел, т.е до унапреден, функционален и квалитетен образовен систем? Не. Тестот е алатка, инструмент за мерење, како што има, на пр. инструменти со кои може да се провери длабочината на водата. Исто како што е неопходно да се обезбеди дотек на вода, па потоа да се мери длабочината, неопходно е најпрво да се изградат и имплементираат квалитетни образовни политики, па потоа да се мери нивниот учинок. Во оваа насока можеме да проговориме за неопходните чекори во насока на подобрување на состојбите. Најпрво, неопходно е со консензус да се донесе долгорочна национална стратегија за развој на образованието и да не се отстапува од истата, без оглед на тоа која политичка партија е на власт. Знаењето, не оцените треба да бидат во фокусот на внимание. Во таа насока треба да се градат наставните програми, учениците да совладуваат вештини, не да меморираат податоци. Место екстерно, учениците да полагаат тестови кои бараат примена на знаења во претпоследната година од образованието и врз основа на резултатите да можат да обезбедат место во одредено средно училиште, исто и кон факултетите, и низа други мерки во оваа насока. Да се редуцираат содржините и бројот на наставни предмети. Наставниците да добијат можност професионално да се надградуваат и усовршуваат, како и можност да ја изведуваат наставата со посовремени средства, и послободно да можат да избираат како ќе ја реализираат. Да добијат соодветна плата која би им овозможила повеќе да вложат во себе. Наставникот треба да го следи секој ученик одделно, да има јасна слика за ученикот, неговите потенцијали и слабости, за што би водел соодветно досие. Работата на наставникот да се проверува низ случајно избрани досиеја на ученици, најмалку еднаш на две години. Со оглед на карактерот на текстот, направив краток осврт и скицирав идеи – како јас, како наставник кој веќе втора деценија е директно вклучен во образовниот процес, сметам дека би можеле да направиме позитивен исчекор. Сметам дека е неопходна јавна дебата на оваа тема, но, дека таа би требало да послужи само за да се сондираат проблемите, мерките сепак треба да произлезат од стручните лица, и, секако, да бидат засновани на студии и анализи, а не да се донесуваат ад хок решенија.
    ( Жаклина Филипова-Свеќаровска 2017-06-30 10:18:19 )
  • Externoto e zlo nametnato da se aktiviraat nesposobni kadri koi predizvikuvaa bezmilosen tovar vrz budjetot i ruiniranje na obrazovniot sistem! Prvo i osnovno, predstavuva notorna laga deka takov sistem se upotrebuva vo Evropa ili bilo kade vo svetot! Vo svetot postojat proverki na opsto potrebno i usmereno znaenje za izbranite nasoku vo ponatamosnoto obrazovanie! Ovie proverki ne se ocenuvaat, tuku ako ne se zadovolitelni, im se pruza moznost za dopolnitelna pomos vo nastava, a so cel kandidatite da se steknat so zadovlitelno znaenje za ponatamosnoto obrazovanie!!! Sto ne e nitu priblizno slicno so naseto externo!!! Celogodisnoto pratenje na znaenjeto, aktivnostite, zainteresiranosta i povedenieto na ucenikot vo obrazovno-vospitniot sistem, od strana na predmetniot nastavnik, ne e mozno da se proveri preku ad-hok ispit, za vreme koga ucenikot moze da nema dovolna psiho-fizicka koncentracija, ili da e podlozen na zdravstveni problemi!!! Za proverka na rabotata na nastavniot kadar, postojat inspektorati vo MO, koi bi trebalo da si ja vrsat rabotata za koja se plateni, a ne da vodat politicko-propagandni dejnosti za koi ne se plateni!!! Vo uslovi na krajno iskorumpiano opsestvo, ne e vozmozno da se obezbedi kvalitetna tehnicko-tehnoloska poddrska za sproveduvanje na fer proverka na znaenjeti, poradi sto bevme svedoci na krajno nebulozni propusti!!! Zalbeniot sistem i poplakite, na krajno drzok i neprimeren nacin bea administrativno i proceduralno onovozmozeni!!! Ovoj sistem bese zloupotreben za revansizam prema decata koi pokazuvaa slobodoumnost!!! Kako primer e mojot slucaj kade moeto dete vo vtora sredno na externo po informatika dobi 2, a tatko mu (jas), e profesionalen informaticar i deteto od kako prozbori ima svoj kompjuter!!! Kako maturant na externo po engleski dobi 2, so zavrsen 7-mi stepen kurs po angliski, poseduva C sertifikat i momentno e na UKIM na tolkuvac-preveduvac po Angliski, Francuski i Japonski! Inaku ucestvuvase na ucenkite protesti!!!
    ( Boris Nikolovski 2017-06-30 08:18:32 )
  • Spored mene vo obrazovanieto treba mnogu promeni: da nema zadolzotelno sredno, zadolzitelno samo do osmo odd,voveduvanje ycilista kade ke se ucat mnogu zanaeti so mnogu prakticna nastava. Ucenicite da mozat vo letniot period da rabotat kade ke gi pokazat svoite znaenja steknati vo tekot na nastavata ,da zemaat i plata.Vo gimnanaziite i ucilista od kade ucenicita sakaat da prodolzat na fakultet da se vovede postrog rezim, znaat profesorite kako .Samo roditelite treba poveke da gi pocituvaat nastavnicite. Vo ucilistata prvo da se posveti vnimanie na vospitanieto a potoa na obrazovanieto, bidejki ne se raboti so nevospitani deca.Najgolema selekcija treba da ima na fakultet ,bidejki sega sekoj moze da zavrsi fak. Kolku vredat tie kadri? Sekoj moze da magistrira da doktorira cudno.....Od prilika mislam deka vo taa nasoka treba da se nasoci obrazovanieto.Koga se pravat nekoi proekti promeni sekogas treba konsultacii so soodvetni lica.Ako se raboti za promeni vo obraz. treba konsultacija so prof. so nastavnicite a ne so pravnici ,ekonom. i.t .n
    ( Марија Трајкоска 2017-06-30 09:16:23 )
    1. Сакав да се вклучам во дебатата, но текстот е несоодветен за образецот кој е понуден. Го приложувам во продолжение. ДАЛИ ЕКСТЕРНОТО ТЕСТИРАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Е ДОБРА МЕРКА? Македонија зад себе има едно негативно искуство со обид за екстерна проверка на знаењата на учениците. Негативно, затоа што, иако се проверуваа знаењата на учениците, тоа не беше цел. Целта на тие проверки беа: 1. Да се утврди објективноста на оцената (значи, не знаењето, но оцените беа во фокус). 2. Да се казнат наставниците (оние кои треба да пренесат знаења, да поттикнат истражувачка љубопитност кај учениците). Поради погрешниот фокус, овој експеримент, кој, за жал, нанесе големи штети на образовниот процес, беше укинат. Но, укинувањето на екстерните тестови не го реши проблемот кој веќе е таргетиран- учениците во државава располагаат со скромни знаења, или, накратко- незнајковци се, што е документирано низ ПИСА тестовите. Место популистичкиот пристап, т.е ад хок прифаќање на тезата дека наставниците и нивните ниски критериуми, необјективни оцени, се виновни за таквата состојба, потребно е да се разгледаат аргументите. Што нуди образовниот систем? Дали понудата е адекватна на побарувачката од страна на пазарот на трудот? Дали начинот на кој се избираат и презентираат содржините се соодветни на консументите, односно на учениците? Да одиме по ред. Што нуди образовниот систем во моментов? 1. Партизирани училишта место национална стратегија 2. Оцени место знаење 3. Обемни наставни програми место конкретни вештини 4. Застарени методи, немотивирани наставници Дали ваквата понуда е соодветна на побарувачката од страна на пазарот на трудот? Прашањево може да се третира како реторско. Никому не му требаат незнајковци, кои не располагаат со ниту една конкретна вештина, а притоа имаат искривена слика за својата вредност на тој ист пазар, бидејќи некој се дрзнал да им потпише сертификат според кој совладале знаења од одделна област во доволен, да не речам одличен, обем. Треба да се има предвид дека најголема жртва на ваквиот нефункционален образовен систем се токму учениците. Ним им се одземени драгоцени години живот, јалово поминато време. Но, проблемот е уште поголем. Денешните ученици се утрешни вработени, носители на општествените процеси. Тоа значи дека лошите политики во образованието се рефлектираат на севкупната иднина на општеството, поткопувајќи ја во нејзиниот темел. Ако земеме предвид дека нашето општество ниту денес не може да се пофали со стручни, квалитетно профилирани кадри, иднината е уште поцрна, доколку останеме на истиот курс. Повеќе од очигледно е дека е нужно неопходно системско вложување напори за подобрување на образованието. Дали екстерни тестирања на учениците ќе не доведат чекор поблиску до посакуваната цел, т.е до унапреден, функционален и квалитетен образовен систем? Не. Тестот е алатка, инструмент за мерење, како што има, на пр. инструменти со кои може да се провери длабочината на водата. Исто како што е неопходно да се обезбеди дотек на вода, па потоа да се мери длабочината, неопходно е најпрво да се изградат и имплементираат квалитетни образовни политики, па потоа да се мери нивниот учинок. Во оваа насока можеме да проговориме за неопходните чекори во насока на подобрување на состојбите. Најпрво, неопходно е со консензус да се донесе долгорочна национална стратегија за развој на образованието и да не се отстапува од истата, без оглед на тоа која политичка партија е на власт. Знаењето, не оцените треба да бидат во фокусот на внимание. Во таа насока треба да се градат наставните програми, учениците да совладуваат вештини, не да меморираат податоци. Место екстерно, учениците да полагаат тестови кои бараат примена на знаења во претпоследната година од образованието и врз основа на резултатите да можат да обезбедат место во одредено средно училиште, исто и кон факултетите, и низа други мерки во оваа насока. Да се редуцираат содржините и бројот на наставни предмети. Наставниците да добијат можност професионално да се надградуваат и усовршуваат, како и можност да ја изведуваат наставата со посовремени средства, и послободно да можат да избираат како ќе ја реализираат. Да добијат соодветна плата која би им овозможила повеќе да вложат во себе. Наставникот треба да го следи секој ученик одделно, да има јасна слика за ученикот, неговите потенцијали и слабости, за што би водел соодветно досие. Работата на наставникот да се проверува низ случајно избрани досиеја на ученици, најмалку еднаш на две години. Со оглед на карактерот на текстот, направив краток осврт и скицирав идеи – како јас, како наставник кој веќе втора деценија е директно вклучен во образовниот процес, сметам дека би можеле да направиме позитивен исчекор. Сметам дека е неопходна јавна дебата на оваа тема, но, дека таа би требало да послужи само за да се сондираат проблемите, мерките сепак треба да произлезат од стручните лица, и, секако, да бидат засновани на студии и анализи, а не да се донесуваат ад хок решенија.
      ( Жаклина Филипова-Свеќаровска 2017-06-30 10:18:19 )
      Ми се допаѓа(1) Не ми се допаѓа(0)
    2. Spored mene vo obrazovanieto treba mnogu promeni: da nema zadolzotelno sredno, zadolzitelno samo do osmo odd,voveduvanje ycilista kade ke se ucat mnogu zanaeti so mnogu prakticna nastava. Ucenicite da mozat vo letniot period da rabotat kade ke gi pokazat svoite znaenja steknati vo tekot na nastavata ,da zemaat i plata.Vo gimnanaziite i ucilista od kade ucenicita sakaat da prodolzat na fakultet da se vovede postrog rezim, znaat profesorite kako .Samo roditelite treba poveke da gi pocituvaat nastavnicite. Vo ucilistata prvo da se posveti vnimanie na vospitanieto a potoa na obrazovanieto, bidejki ne se raboti so nevospitani deca.Najgolema selekcija treba da ima na fakultet ,bidejki sega sekoj moze da zavrsi fak. Kolku vredat tie kadri? Sekoj moze da magistrira da doktorira cudno.....Od prilika mislam deka vo taa nasoka treba da se nasoci obrazovanieto.Koga se pravat nekoi proekti promeni sekogas treba konsultacii so soodvetni lica.Ako se raboti za promeni vo obraz. treba konsultacija so prof. so nastavnicite a ne so pravnici ,ekonom. i.t .n
      ( Марија Трајкоска 2017-06-30 09:16:23 )
      Ми се допаѓа(0) Не ми се допаѓа(1)
    3. Externoto e zlo nametnato da se aktiviraat nesposobni kadri koi predizvikuvaa bezmilosen tovar vrz budjetot i ruiniranje na obrazovniot sistem! Prvo i osnovno, predstavuva notorna laga deka takov sistem se upotrebuva vo Evropa ili bilo kade vo svetot! Vo svetot postojat proverki na opsto potrebno i usmereno znaenje za izbranite nasoku vo ponatamosnoto obrazovanie! Ovie proverki ne se ocenuvaat, tuku ako ne se zadovolitelni, im se pruza moznost za dopolnitelna pomos vo nastava, a so cel kandidatite da se steknat so zadovlitelno znaenje za ponatamosnoto obrazovanie!!! Sto ne e nitu priblizno slicno so naseto externo!!! Celogodisnoto pratenje na znaenjeto, aktivnostite, zainteresiranosta i povedenieto na ucenikot vo obrazovno-vospitniot sistem, od strana na predmetniot nastavnik, ne e mozno da se proveri preku ad-hok ispit, za vreme koga ucenikot moze da nema dovolna psiho-fizicka koncentracija, ili da e podlozen na zdravstveni problemi!!! Za proverka na rabotata na nastavniot kadar, postojat inspektorati vo MO, koi bi trebalo da si ja vrsat rabotata za koja se plateni, a ne da vodat politicko-propagandni dejnosti za koi ne se plateni!!! Vo uslovi na krajno iskorumpiano opsestvo, ne e vozmozno da se obezbedi kvalitetna tehnicko-tehnoloska poddrska za sproveduvanje na fer proverka na znaenjeti, poradi sto bevme svedoci na krajno nebulozni propusti!!! Zalbeniot sistem i poplakite, na krajno drzok i neprimeren nacin bea administrativno i proceduralno onovozmozeni!!! Ovoj sistem bese zloupotreben za revansizam prema decata koi pokazuvaa slobodoumnost!!! Kako primer e mojot slucaj kade moeto dete vo vtora sredno na externo po informatika dobi 2, a tatko mu (jas), e profesionalen informaticar i deteto od kako prozbori ima svoj kompjuter!!! Kako maturant na externo po engleski dobi 2, so zavrsen 7-mi stepen kurs po angliski, poseduva C sertifikat i momentno e na UKIM na tolkuvac-preveduvac po Angliski, Francuski i Japonski! Inaku ucestvuvase na ucenkite protesti!!!
      ( Boris Nikolovski 2017-06-30 08:18:32 )
      Ми се допаѓа(1) Не ми се допаѓа(0)