| 18.02.2016.НА ТЕФЕРИЧ
Дали еутаназијата треба да се легализира во Македонија?

Тим ЗА

– Правото на живот е можеби нашето најосновно и најфундаментално право. Сепак, сметам дека со секое право доаѓа и избор! Правото на говор или збор, не ја исклучува опцијата да останеш нем, правото да гласаш по автоматзиам со себе го носи и правото да апстинираш. На истиот принцип, правото да избереш да умреш е составен дел од правото на живот.
– Спепенот до кој некој може да издржи физичка болка или психолошки притисок се разликува кај сите луѓе, исто како и проценките за квалитетот на животот кои се приватни и персонални, затоа само и оној што пати може да донесе релевантни одлуки и доколку сака да го прекине својот живот тоа треба да му се овозможи и стручно медицинско лице да му асистира при тоа за да е што побезболно.
– Еве и вистинска случка за правото на човек да си го одземе својот живот. Рагби играч кој имал повреда на рбетот, по повредата несакал да живее како што тој сам верувал – “второкласен“ живот, па се одлучил на еутаназија.

Славица Бошковска

– Луѓето само по себе имаат дозвола да носат автономни одлуки за себе и доколку некоја од тие одлуки во или за нивниот живот не повредува физички некој друг, треба да имаат право на одлука дали сакаат да живеат или не. Толку имам да кажам.

Даниел П.

– Јас ќе кажам од лично искуство што сум го имал со мој близок. Значи, ова право треба и мора, и верувам дека во блиска иднина сегде ќе биде прифатено од многу причини, меѓу кои јас ќе набројам неколку од моето искуство.
– Човекот за кој зборувам му беше дијагностициран канцер на коските. Ужас поголем не сте виделе луѓе… Греота за сите. Пробаа се што можеа, човекот се мачеше во такви страшни болки, што се не претрпе и он и неговата фамилија. На крај во големи маки си отиде од овој свет. Сакам да кажам, дека конкретно еве за вакви случаи, кога веќе сите медицински инстанци ќе потврдат дека пациентите се во терминална фаза и дека не им останува ништо друго освен да чекаат во големи болки и маки да ги земе Св.Петар, би било поубаво за нив а и за нивното семејство доколку тој човек се одлучи дека несака таков крај и да има право на тоа!
– Сигурно има уште илијадници слични случаи со хронично болни и пациенти во терминална фаза влезени, кои ете за беља или среќа, за кого како, живеат и по неколку години со тие свои товари. Животот кој го живеат многумина од нив не го ни рачуваат за живот, и доколку би имале таква можност како еутаназија сигурно би го искористиле тоа право. А да не говорам и за трошоците кои ги имаат семејствата во текот на тие години, а кога сепак знаат дека на крајот ништо нема да им помогне, па оставаат хипотеки зад себе, продавааат станови и слично. Сепак, одлуката треба да биде на оној кој е болен.

Македонец

– Давам поддршка на ваков закон или право на поединецот да одлучи за својот живот. Доколку би имале таков закон, и се би било легално и не би било табу тема, не само што луѓето кои сакаат да добијат еутаназија, односно да извршат самоубиство нема да бидат жигосани од околината доколку не успеат тоа да го направат сами во случај кога не би постоел таков закон, туку ќе може и да се спасуваат животи на еден начин.
– Бидејќи еутаназијата ја вршат медицински лица, во консултација со пациентот и психолози, самиот пациент би можел да се одврати од идеата доколку има самоубиствени мисли, додека ако не е легална тогаш ако веќе одлучи да се самоубие, не верувам дека ќе оди да се консултира негде…

Мицка

Тим ПРОТИВ

– Повеќето медицинари се против легализација на еутаназијата, а сега ќе ви кажам и зошто. Еден од водечките принципи на медицинската етика е да не се повреди некого! Со легализирањето, овој принцип ќе го снема, а довербата во докторите ќе биде драстично намалена.
– Со легализација, фактички признавање дека убиството е прифатлив дел од докторската улога, тогаш немаме никакви гаранции дека нема да се зголеми опасноста од недоброволна еутаназија, т.е. убиства!
– И трето, можеби најбитно, да не збориме за товарот кој ќе им се стави на самите доктори. Секојдневните одлуки кои ги носат за да зачуваат некој живот им се и повеќе од трауматични и стресни, ајде сега и да ги оптеретиме и со еутаназија. Да не збориме и за моралната одговорност кај некои од нив кои во случаи кога пациентот ќе немкоже да зборува ќе мора да носат одлука, најверојатно тие, дали или не да се еутанизира пациентот е тотално неприфатилива и се коси со самата Хипократова заклетва.

Бети

– Тие што извршуваат самоубиство не се злобни, зли и тие што се имале обиди за самоубиство, а преживеале не се гонат судски или како и да е… Но, како и да е, бидејќи еутаназијата значи асистирано убиство, не е прифатливо од морален и секаков друг аспект.
– Етичка и морална обврска е на секој да спречи некој да изврши самоубиство! Нема ти сега на пример, да игнорираш човек што стои на покрив од зграда и се заканува да скокне само затоа што тоа е негов избор. И дефинитивно нема да му “асистираш“ со тоа што би го гурнал од покривот… Како сакате вртете го, тоа е убиство, дале е на поркив или лежи во кревет…

Јовица Баевски

– Постојат премногу варијабли кои придонесуваат за одлуката дали човек да си го оздеме својот живот или не. Но, бидејќи тој импулс кон самоубиство честопати е краткотраен, амбивалентен, или е под влијание на некоја ментална болест како депресија, не треба како таков да се земе како одлука донесена при здрав разум и свест.
– Ако се земе и фактот дека смртта е неповратен процес, и со можните фактори кои ги споменав претходно ако се присутни, тоа ја оправдува сегашната ситуација како правилна дека еутаназијата воопшто не треба да се поддржи а камо ли да се легализира.

С.К.

– Јас како христијанин и фамилијарен човек никогаш не би поддржал вакво нешто! Да се бара од мене или од семејството, било чие семејство, да биде дел од одлука на болниот да се самоубие или ако треба ние да одлучуваме во негово име… несакам ни да помислам. Дури и мислам дека во некои случаи би се појавиле и големи несогласувања, негативна енергија, расправии околу самата одлука на блискиот да си го одземе животот, а семејството најверојатно би било емоционално осакатено или не би можеле да жиевеат самите со себе ако знаат дека имале било каква врска со убиството на блискиот.
– Од друга страна, постојат и семејства каде хармонијата, мирот и љубовта не го нашле патот, па се поставува прашањето, што е со оние кои се ментално нестабили или болни од неизлечиви болести да бидат под психолошки притисок да си го одземат својот живот за да не му ставаат товар на семејството? Свашта има, нели? Ќе има и такви случаи каде блиските на болниот едноставно не се спремни да го издржуваат низ неговата состојба или болест. Како воопшто државата, системот, ќе знае и ќе ги детектира ваквите случаи?

Златко Ц.

(340)

Тим ЗА 55%
 
 
Тим ПРОТИВ 44%
Гласањето е затворено
  
  • Проектот „Биди ИН, дебатирај“ е во организација на www.livada.mk и е во рамките на програмата Цивика Мобилитас.

    Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска

    Содржината на овој веб портал и дебата е единствена одговорност на Здружението на граѓани за развој на критичка мисла Ливада Скопје и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари