| 01.06.2015.НА ТЕФЕРИЧ
Дали треба да се забрани употребата на брза храна во училиштата?

Тим ЗА

– Македонските училишта основни и средни треба да го послушаат разумот и повикот на родителите за што поголемо ограничување на брзата храна како во школите така и во нивната близина.
– Оваа мерка како и форсирање на физичко како предмет може во иднина да ни гарантираат здрава нација!

Димитар Станков

– Мора да се забрани брзата храна бидејќи тоа е еден од главните фактори за дебелина на децата и обавезно да се зголеми понудата на овошје по школите.

Сонцето

– Можеби употребата на зборот “забрана“ звучи предрско, но сепак, училиштата и сега имаат механизми како едни институции кои се клучни во развојот на децата да проповедаат и едуцираат за изборот на здрав начин на живот кај децата. Со тоа ќе се крене свесноста кај самите деца и тие свесно ќе си носат одлука како да се хранат.

Ирена М.

– Здравиот начин на исхрана е докажано битен кај младите личности кои се во развој. Здравиот начин на живот води и до подобри резултати и постигнувања на самите ученици.
– Во Јапонија и во сите поразвиени светски земји ова е одамна решено и прифатено како нормала, и се надевам дека и кај нас некој час поскоро ќе го покрене ова прашање во јавноста и дека ќе се спроведе и во Македонија.

Марина

Тим ПРОТИВ

– Прво од искуство зборам, ако активно се промовира избегнување или забрана на брзата храна, илјадници луѓе ќе останат без работа и ќе мора да се затворат стотици такви бизниси на македонски фамилии кои само од тоа живеат.
– Второ, никој не им брани на училиштата да воведат и они, свои сопствени понуди за исхрана покрај веќе постоечките, па после тоа нека се се’ сведува на слободен избор.

Битолчанец

– Реално никогаш ништо не би поддржал што е наметнато од страна на авторитети со моќ за одлучување, па така ни ова, без разлика дали некој би забранил нешто или не. Улогата на училиштата е да едуцираат, а не да спроведуваат некакви свои или туѓи одлуки во името на самите ученици.
– Другиот агол за оваа тема е што во македонската реалност одма ќе се појави некоја блиска фирма на локалната или извршната власт со веќе спремен бизнис и мени за да ги нахрани децата. Згора на тоа, сигурно ќе се измисли и некоја давачка плус за родителите.
– Мој предлог е: оставете детето само да ги ја донесе таа одлука. Тука му е школото и родителите како водилки, како ќе го едуцираат така тоа и ќе си постапува во животот, нема потреби од никакви забрани и слично.

Митко

– Кој е тој што успеал на овие простори со забрани да постигне било што? Па децата едноставно ќе си носат во ранец по некој хамбургер или хот-дог ако веќе им се јаде таква храна. Нека школите во тој случај делат барем по едно бесплатно јаболко на секој ученик дневно, ќе ги научат барем некој баланс да држат…

Мирјана Петковска

– Престанете бе со овие амерички пропаганди и изговори. Па еве јас, а и пола луѓе со кои сум израснал сме јаделе сендвичи секој втор ден или секој ден во школо. Израснавме, на никој ништо не му фали и никој од нас не е дебел.
– – Башка тоа што незнам која фамилија во денешно време ќе има на детето од петто одделение да му дава секој ден по 100 денари за сендвичи, па тоа да јаде секој ден. Сега сме уште посиромашни од тогаш, така да подобро да почнеме да планираме како ќе ги исхрануваме и со што децата за некоја година, отколку да им кратиме од храната…

Жарко А.

(247)

Тим ЗА 62%
 
 
Тим ПРОТИВ 38%
Гласањето е затворено
  
  • Проектот „Биди ИН, дебатирај“ е во организација на www.livada.mk и е во рамките на програмата Цивика Мобилитас.

    Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска

    Содржината на овој веб портал и дебата е единствена одговорност на Здружението на граѓани за развој на критичка мисла Ливада Скопје и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

17.11.2017. Ливадџија
16.11.2017. The Chef
15.11.2017. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари