| 08.12.2016.НА ТЕФЕРИЧ
Реално ли е да очекува ВМРО ДПМНЕ 63 пратеника?

Впечатокот кој го има оставено лидерот на партијата, Никола Груевски е дека секогаш оди на “сигурно“ во последните 10 години на власт кога се работи за политички потези кои треба самиот да ги повлече, па дали неговото “преместување“ од првата изборна единица во четвртата кај лидерот на СДСМ значи дека внатрепартиските анкети го охрабриле и му даваат до знаење дека ќе ја прегазат опозицијата и лично Зоран Заев?

Ако е таков случајот на човекот кој ретко превзема политички ризици, дали со таква самодоверба, е реално да се очекуваат и минимум 63 пратеници на предстојните избори? Дали во изборните резултати и некаква евентуална победа на ДПМНЕ на предстојните избори ќе игра улога “отвореноста“ на Заев кон албанското малцинство во Македонија? Дали е тоа адут за привлекување на поголем број на гласови од етнички македонци кои од различни причини не би сакале да дадат доверба на таквата стратегија на СДСМ и нивните гласови би оделе на контото на ДПМНЕ, или би отишле во некоја трета или четврта политичка опција?

Дали стратегијата на ДПМНЕ, најверојатно од ПиАр причини да ги изостави поголемиот дел од високите функционери во партијата од пратеничките листи, чии имиња се спомнуваа во т.н. “бомби“, ќе го ублажат ударот на нивното гласачко конто, крстејќи се во фразата – “секое чудо за три дена“, или мнозинството од гласачкото тело во Македонија овој пат ќе престане да има кратка меморија и ќе ги осуети нивните обиди за “апсолутна“ победа на изборите, па дури ќе им приреди и непријатни изненадувања?

Имајќи ја во предвид и огромната и подмачкана “машинерија“ со која располагаат, од активно и дисциплинирано членство до провладини медиуми и далеку поголема финансиска моќ од сите останати партии заедно во Македонија, зарем не би било реално и да се очекува некаква бројка околу 63 пратеници? Во предвид треба да ги имаме и 3-цата пратеници кои се избираат од дијаспората, кои ако судиме по претходните изборни циклуси, се освоени благодарение на таа подмачкана “машинерија“, може ли да се заклучи дека изборите сеуште незапочнати, а ДПМНЕ да води пред СДСМ со 3:0?

Во прилог дел од аргументите кои ги дадоа некои од дебатерите, а Вие ја имате можноста да поддржите некој од тимовите кои сметате дека е во право, давајќи го вашиот глас за некој од нив веднаш под објавените аргументи или да го оставите својот аргумент во вид на коментар под дебатата. Гласањето, односно можноста за давање на поддршка на некој од тимовите трае се до објавувањето на наредната дебата. Секој посетител може да гласа само еднаш!

Доколку сакате да земете учество на наредната дебата на тема: Дали имаме подобар јавен здравствен систем и услуги од пред 10 години? Кликнете овде!

Тим ЗА

– Ќе се гласа масовно за вмро дпмне, од патриотски причини за зачувување на државата, така и од убеденоста на народот дека оваа коалиција им ги чува и се грижи за нивните интереси. Одлично ги ублажија ударите на сдсм со наместените разговори и нивната пи ар стратегија е одлична бидејќи ги тргнаа тие луѓе од јавност и сега сдсм нема по кој да удира.
– Колку што има вмро да понуди проекти, толку клевети неможе да измисли сдсм. Книги и книги со отчети и со понуда, додека Заев ќе јаде живи луѓе, ќе брка од работа, ќе воведува двојазичност и слично. Па кој нормален би гласал за таква понуда? Дури и неговите ќе му свтат грб на денот на изборите…
– 63 пратеници можат да се достигнат иако ќе биде тешко, но сепак со мобилизација на гласачкото тело, запознавање со нашата понуда и тежината на нашите проекти може да се очекува таа бројка на пратеници. Иако ако не се исполни, сигурно со евентуална коалиција со некоја од двете десни коалиции на избориве ќе се договориме и ќе се оствари бројката од 63.

Дејан Т.

– Секогаш кога било најгусто и кога се чинело дека се под најголема закана иднината на оваа земја и сите во неа, народот недвојбено му давал поддршка на вмро, и особено после самитот на Нато кога се пуштаа баба роги во јавноста дека сега вмро ќе падне, ќе се распадне, тогаш најцврсто застана народот позади него и остварија историски резултат. Ако ја споредиме таа криза со оваа, оваа е со епски размери и не се сомневам дека бројката од 63 пратеници е достижна.
– Македонецот ќе расуди на денот на изборите што му е поважно, дали шарени лаги и манипулации или зацувување на државата, имање светла иднина, стабилна влада, решителни одлуки и добри проекти.

Марија

– Реални се шансите и очекувам глатка победа на вмро дпмне во сите изборни единици во однос на сдсм, зошто овој народ не заборава кој кога му ги чувал националните интереси, кога се гинело за оваа земја, кога се заговарало против неа и кога платеници се представуваат како спасители.
– Ујдисувањето на Заев со албанците неможеа да го замислат ни најголемите душмани на Заев, ама ете пуста желба за власт, па токму затоа голем дел од македонците кои и традиционално не се гласачи на вмро дпмне ќе го дадат својот глас против федерализација и двојазичност, а Заев со тој резултат од 63 пратеника минимум што ќе ги освои вмро ќе го испратат во политичкиот заборав. И сега, и на локалните во март 2017.

Страхил

– Убедена сум дека граѓаните на оваа земја знаат да ценат што се е направено за нив и нивните семејства во текот на овие 25 години независност и под владите на сдсм и вмро. Несомнено дека поголем просперитет сме доживеале под вмро и сега кога се кршат копјата по сите идентитетски и национални прашања за иднината на оваа земја, убедливо ќе застанат против сдсм и таквите политики на поделби, федерализации, кантонизации, двојазичности и ќе му погледнат без страв дирекно во очи на центарот на моќ кој финансира однадвор и ќе му речат – ова нема да помине!
– Сите ние можеме да видиме или почувствуваме околу нас колку е изградено, колку се гради, колку е модернизиран здравствениот систем и колку се вложува во сите сфери на општеството, се разбира колку што ни дозволуваат можностите на буџетот како држава. Зголемени плати и пензии и што ли уште не, почувствувано на своја кожа е доволна причина во што помасовен број да застанат зад вмро и да му овозможат да стави крај на кризата која континуирано ја предизвикува Заев со голем пораз!
– Реално е да се очекува бројка од 63 пратеници, ако според сите анкети, освен оние на “независните“ Телма и 24вести кои колку и да ги фингираат бројките неможе да прикажат дека сдсм победува на избориве, сите други, вклучувајќи ги и оние странските како ИРИ предвидуваат победа на вмро, па некои дури и до 10% предност. Ако ги земеме предвид и оние пратеници од дијаспората, нема тука ништо нереално кога вечерта на 11-ти вмро прогласи победа и формирање нова влада со минимум 63 пратеника.

З. М.

– Според мене најголема причина за победата на вмро и сигурното освојување на 63 пратеници е тоа што опозицијата е расцепкана, а тоа секако се должи на неспособноста за среќа на сдсм која не успеа да ги прелаже двете десни коалиции кои по природен пат гравитираат кон матичната вмро дпмне, и оние неколку партии кои се левичарски настроени. Како што овозможува овој изборен модел, оние гласови на тие помали партии и коалиции кои не се доволни за нивни мандат на пратеници, автоматски се префрлаат кај победникот во дадена изборна единица, а во сите води вмро, така да ај што ќе им скинат на сдсм по некој пратеник, туку и дирекно ќе се преточат тие пратенички мандати кај вмро.

Иван Петрушев

Тим ПРОТИВ

– Пред се, кога збориме за “одење на сигурно” во 2011, 2013 и 2014 година на избори, не треба да заборавиме дека таа сигурност се базирала на наместени избори. Тоа во повеќе наврати можевме да го слушнеме во снимките кои токму власта сака да ги претстави како монтирани, сечени, лепени, снимани од базни станици, комбиња што вртеле низ Скопје, странски служби итн. Во однос на темата, како основа прво треба да се дефинира плашливоста и несигурноста на владеачката партија кога постојано го опструира СЈО откако самата потпиша за негово формирање. Тие опструкции почнаа со кратење на буџетот за СЈО.
– Потоа се продолжи со кукавичкото бегање од изгласување на законите за продолжување на мандатот на СЈО, Законот за заштита на сведоци итн. Последниот предмет “Таргет”, конечно покажа како се одвивала шемата на прислушување на граѓаните, на новинари, политичари, јавни личности итн. Тоа не доведува до заклучок дека снимките се веродостојни и дека токму во нив е опишана “сигурноста” за 63 пратеници на горенаведените избори претходно а впрочен и на претстојните во декември. Опстукциите во судството, со одбивање на предлозите на СЈО за мерките за обезбедување присуство на осомничените и обвинетите се класичен показател дека не дозволуваат правдата да се докаже. Невин човек, доколку некој го обвини дека правел нешто противзакоснко, ќе се повлече и мирно ќе чека да се потврди неговата невиност а не вака како што се прави во овие година-дена од страна на власта, судството (заедно со Уставниот суд), медиумите итн. Доколку одиме по теркот на легитимни и фер избори не очекувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои повеќе од 40 пратеници, но имајќи предвид дека судските постапки не се почнати и во јавноста сеуште има влијание нивната “невииност”, овој пат сметам дека ќе освојат помеѓу 40-45 пратеници.

Сашо

– Барање на 63 пратеници е барање со диктаторски прерогативи. Времето на дитктаторството заврши, нај,ногу што може да добие е пратенички имунитет, но и тоа лесно се отповикува ако опозицијата има 63 пратеници.

Раско Наковски

– Од 7-мата И.Е., т.н. дијаспора, овој пат е нереално да се избере ни 1 пратеник, затоа што треба 6500 гласа, а од вкупно 20500 пријавени, за очекување е да гласаат околу 50% (излезноста на претходните избори 2014), односно еншто повеќе од 10.000 и со оглед дека 3500-4000 се гласачи на т.н. албански блок, а 500-1000 се на опозициските партии, останува залуден обидот на владеачката партија да ги освои сите останати 5500-6000 гласови.
– Што се однесува до 6-те И.Е. во Македонија, реално е резултатот да биде тесен меѓу ВМРО и СДСМ со нечија предност од максимум 2-3 пратеника (отприлика 45-42), останатите т.н. 3-ти опции во зависност од излезноста може да освојат 5-10 пратеника, а на албанскиот блок да отпаднат останатите 25-27 пратеници. Заклучок: Идната влада кој и да ја формира, неам да има стабилно мнозинство, така да не се исклучува грчкото или грватското сценарио со повторени избори за кратко време.

Благоја Трпковски

– 63 нема да добијат дури и ако им даваат по 2 гласачки ливчиња на тие што ќе гласаат за вмро. Завршено е со нив. И тие се свесни за тоа. Од цела Македонија не можат повеќе од 10 000 луѓе да соберат на митинг и тоа со притисоци и закани.

Љубе Кузмановски

– Според последните неколку анкети, се чини дека и двата блока ќе бидат тука негде “изедначени“. Секако дека оние неопределените кои се во најголем број, ќе го дадат конечниот победник, а тие по логика на нештата повеќето тежнеат секогаш за промени, особено по 10 годишно владеење на една гарнитура, така да освојување на 63 пратеника или повеќе од вмро е пуста желба и ништо повеќе.
– Околу кандитатурата на Грујо во 4-ка, бега од пораз од Пендаровски во единицата и тоа нивните истражувања го покажале уште пред изборната кампања да почне. Отишол во 4-та според мене, бидејќи таму иако Струмица е бастион на сдс, последните локални тесно се извлекоа, а он ќе се обиде да го победи Заев за што и реално има шанса во таа изборна единица, меѓутоа и да ги мобилизира струмичани за локалните кои ни се за неколку месеци, со тоа надевајќи се да стави крај на Заев и како градоначалник и како можен иден премиер во рок од неколку месеци. Ова под услов вмро да формира влада, меѓутоа како што се ближат изборите се гледа дека им тоне рејтингот, па ќе биде интересно 🙂
– И околу дијаспората, не сум сигурен дека вмро води веќе со 3:0, меѓутоа и да ги освојат тие пратеници, никако не би освоиле мнозинство во парламентот со минимум 63 пратеници, бидејќи бомбите и шарената револуција си го направија своето, меѓутоа секогаш е фино да водиш некого со 3:0…

Дилан Дог

(1752)

Тим ЗА 67%
 
 
Тим ПРОТИВ 33%
Гласањето е затворено
  
  • Проектот „Биди ИН, дебатирај“ е во организација на www.livada.mk и е во рамките на програмата Цивика Мобилитас.

    Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска

    Содржината на овој веб портал и дебата е единствена одговорност на Здружението на граѓани за развој на критичка мисла Ливада Скопје и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
    1. za
      ( Анонимен 2016-12-08 15:42:17 )
      Ми се допаѓа(0) Не ми се допаѓа(0)