| 15.12.2017. ПО СВЕТОТ

Еден млад човек од Русија случајно се самоубил откако ја извадил иглата од гранатата која ја држел во рака за да се слика селфи со неа. Ова е сторија за Александар Чечик, кој на свои 26 години почина во својот автомобил во близина на градот Краснодар крај Црното Море на југот од земјата.

Полицијата изјави дека Чечик испратил слики од себе со гранатата чија игла била извадена, на пријатели без очигледна желба да изврши самоубиство. Сликата подоцна била објавена од страна на полицијата која ја прикажува сцената во неговиот автомобил откако експлозивната направа се активирала и го убила младичот.

 
 

Чечик испратил фотки од себе држејќи ја гранатата на своите пријатели, при што ги поттикнал да возвратат со панични пораки.

Еден од неговите пријатели вратил: “Каде си? Дали си во ред?”, На што тој одговорил: “Зависи од тоа што е во ред според тебе?” Потоа му испратил слика од гранатата, на која пријателот му одговорил: “Слушај, не прави глупави работи. Каде си?”

  
 

Се известува дека полицијата смета дека Александар – познат како Саша – мислел дека гранатата нема да експлодира освен ако не ја фрли, што е некоја глупа логика, оф мори мајко левел. Бројот на фотографии што ги испратил на други пријатели без очигледни намери да се самоубива сугерира дека тој повеќе се прчел, наместо сериозно да се обидува да го прекине својот живот.

Русија страда од ужасна стапка на самоубиства на мажите, редовно блиску до највисоката во светот. Всушност, целиот постсоветски блок е под влијание на овој проблем, со Казахстан, Литванија, Белорусија, Украина и Летонија многу понапред од Западна Европа во смисла на смртност, проблем што се должи на комбинација од лоши одредби за ментално здравје и неконтролиран алкохолизам.

Во последниве години во Русија оваа стапка се намалува, но сеуште е околу три пати поголема од онаа на Велика Британија да речеме.

 
loading...
 

Рускиот истражен комитет го разгледува инцидентот, според портпаролката Наталија Смјатскаја. Чечик бил жител на градот Лабинск, околу 100 км од Краснодар и во близина на границата со Грузија.

Гранатите се мали бомби кои бараат извлекување на иглата за да бидат детонирани. Вообичаено, тие се фрлени во насока на непријателот, барикадиран, со намера да предизвикаат жртви преку фрагментација. Како такви, тие се препознатливи…

Дури и во САД, кој има некои од најлабавите закони за експлозивни направи во светот, многу е тешко да се здобие човек со гранати. Русија има далеку построги закони за огнено оружје и експлозивни направи од САД, но сé уште не е познато како г-дин Чечик ја набавил гранатата.

(2)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени