| 15.05.2018. ЗДРАВА ХРАНА

Лесните и кремасти колачи и торти се десерти кои луѓето секогаш ги претпочитаат како одличен завршеток на вкусниот ручек.

Овој колач е збогатен со ореви и кокос кои му даваат посебен вкус на кој долго ќе се сеќавате.

Состојки:

 
 

Пандишан:
– 6 белки,
– 6 лажици шеќер
– 100 g кокос
– 100 g мелени ореви
– 1 прашок за печиво

Фил:
– 6 жолчки јајце
– 6 лажици шеќер
– 2 реда чоколадо за готвење
– 200 g путер
– 200 ml слатка павлака
– 2-3 ќесички шлаг пена

Начин на подготовка:
Изматете ги белките со шеќерот, па додадете го кокосот, мелените ореви и прашокот за печиво. Измешајте со лажица, ставете ја смесата во плех и печете 10-15 минути на 190 °C.

  
 

За да го подготвите филот, ставете ги во сад жолчките и шеќерот и варете ги на пареа додека не добиете густа смеса. Додадете го чоколадото и мешајте додека тоа не се растопи, па тргнете го садот да се излади.

Во изладениот фил додадете го омекнатиот путер и мешајте со миксер. На крајот додадете ја изматената слатка павлака и измешајте со лажица.

Ставете го пандишпанот, па филот, а најгоре нанесете ја шлаг пената. Проросете какао за декорација.

 
loading...
 

desert-na-brzina-kolace-od-kokos-i-orevi-2.jpg

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
The Chef
13.05.2018. The Chef
14.05.2018. Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени