Аплицирај за стипендија!

Датум: 27.08.2018 – 10.09.2018
Место: Скопје
Локација: Сивус
Почеток: 14:00
Цена: Бесплатно

И оваа година повик за #стипендии!

 
 

Сите кандидати кои за заинтересирани за новите aкадемски програми, Академијата за #Визуелни #Уметности (графички дизајн, видео и фотографија) и Академијата за #Моден #Дизајн имаат можност да аплицираат за стипендија.

[Аплицирањето е отворено до 24ти август.]

  
 

Кандидатите кои ќе аплицираат ќе бидат повикани на дополнителен разговор, кратко интервју со координаторите од академиите пред кои ќе имаат можност да ги претстават своите лични портфолија и дела. Овие средби ќе се остварат во период од 27ми август до 14ти септември, а по нивното завршување официјално ќе бидат објавени добитниците на стипендии.

10% стипендии – за кандидатите кои ќе влезат во вториот круг.
50% стипендии – за кандидатите кои ќе влезат во третиот круг.
100% стипендија – за најдобриот кандидат од сите пријавени.

[Начини на презентација]
Од наведените можности сами избирате со колку работи ќе се претставите. Минимум е потребно да изберете една од наведените можности. Времето за презентација и дискусија со координаторот од програмата е ограничено на 15мин. по кандидат.

Можности за Визуелен артист:
• 3 фотографии на слободна тема;
• 3 дела во сликарска техника на слободна тема;
• 3 дела во цртачка техника на слободна тема;
• 1 кратко видео/филм (експериментален, игран, документарен и сл.).
*минимум е потребно да изберете една од наведените можности.

Можности за Моден дизајнер:
• 3 модни илустрации;
• 1 моден продукт (лично изработена облека или моден додаток).
*минимум е потребно да изберете една од наведените можности.

Линк за аплицирање:
https://goo.gl/forms/vLI6W0vOeNLlCY6A2
[Аплицирањето е отворено до 24ти август.]

Контакт:
[email protected]
078 499 462

www.djolevandarts.com
www.sedc.mk/academy/academy-for-design/visual-artist/

(22)

loading...

Вашиот коментар