БОШ 10 ЛЕТУВАЛИШТЕ во Гевгелија

БОШ Фестивал по 10ти пат годинава ја слави уметноста и слободата, од 24-26 август ве повикуваат на летување во Гевгелија. БОШ Фестивалот го организира здружението за културно уметнички развој Арт Еквилибирум од Гевгелија, кој е познат воглавно по организирање на урбани настани од алтернативен карактер. Бројката од 10 фестивали е помалку од завидлива, а еве нешто околу прогамата за јубиленото славење.

Визуелната програма на овој БОШ фестивал е вистинско славење на субкултурната и независната сцена од регионот односно неформалното отварање на фестивалот е во 17 часот со работилницата за перформативен цртеж „Ако умрам ил загинам“ Перформативно цртање на Горан Стојчетович од колективот Арт Брут и членовите на колективот Мултимедиа ќе трае во текот на фестивалот и ќе заврши со изложба на 26ти со почеток во 19 часот во Народниот театар во Гевгелија. Арт Брут Србија е една од најактивните уметнички здруженија на Балканот. Методот на “длабок цртеж“, кој Горан го дефинира во 2015 год. и кој го спроведува со тим стучни лекари во клиниката за психијатрија во Војно-медицинската академија во Белград, како и со луѓе на отворени работилници во Галеријата Ремонт во Белград,  постигнува многу плоден ликовно-психолошки израз обединувајќи ја уметноста и психологијата на Балканот. Мултимедиа центар Гевгелија е здружение формирано во 2007 година од творци од областа на ликовната дејност. Основна цел на здружението е развивање и унапредување на културно-уметничките дејности преку разни форми на дејствувања.

 
 

Формалното отварањето на фестивалот  е со изложбата ФОТОКОПИРНИЦА НА ЉУБОВТА, групна изложба во која учестуваат Бернхарда Ксилко, Атанас Ботев, Кристијан Крстевски, Јана Јакимовска, Елизабета Линднер, Владимир Лукаш, Иван Ивановски, Тома Димовски, Горан Стоичетович и Миле Ничевски. Имено, во обид да ја зацрвстиме колективната пракса на имагинација се навративме кон корените на БОШ Фестивал, творештвото на Бошко Бозаџиевски.

Арт Еквилибриум во улога на куратор – ги покани уметниците да творат по сопствена инспирација на песната ФОТОКОПИРНИЦА НА ЉУБОВТА.

  
 

Со цел да ја предизвикаме иднината и нејзината вредност, го задржуваме времето за да развиеме ранливи модели на грижа за другиот како начин преку кој може да се случи промената. Не сме сами во ранливоста и несовршеноста: бивајќи зависни од другите – сме заедно.

Токму во тој контекст поголемиот дел од програмата ќе се случува во Народниот театар во Гевгелија, каде во петокот на отварање на фестивалот ќе бидат поставени и изложбите на Игор Тошевски (РЕКОЛЕКЦИИ) и АКЦ Матријаршија (СИТО И БЕСНО) кои ќе бидат отворени за публиката и во останатите два дена од фестивалот.

Соработката со Игор Тошевски се случува спонтано и природно и е особен предизвик на БОШ Фестивал бидејќи ќе претставува своевиден пресек од досегашното творештво на авторот, вклучувајќи избор од неколку негови клучни проекти, како и серијата колажи Топологии (2018) кој за прв пат се изложува во Република Македонија. Централната тема се границите кои Тошевски ги подразбира како идеолошки конструкти. Линиите што означуваат одреден простор исчезнуваат, лесно се преместуваат и повторно се воспоставуваат, како впрочем и границите на нашата слобода на движење, творење и мислење. Затоа, можеби токму ова дело го сублимира животот на современиот човек во потрага по себе – идентитет спакуван во куфер, променлив, непостојан.

АКЦ Матријаршија на особена радост ја носат нивната последна изложба „Експерименти“. Имено Автономниот културен центар Матријаршија од Земун, кој активно работи од 2014 година односно е точката каде се сретнуваат и голем број уметници, работилницата за сито печат и фестивалот за независен стрип НОВО ДОБА. Експериментите во сито техника носат траги од голем број уметници кои се собрани односно творат во рамки на Автономниот културен центар Матријаршија и Фијук мрежата.

Експериментите се работат без класична припрема (во техничка смисла), без планирање преку методот на препечатување. Преку „непочитување“ на канонските постапки во оваа графичка техника, истите се соголуваат и стануваат очигледни. Секоја вака настаната графика ја прати извесно уживање кое потекнува од самосвеста за непочитувањето на графичките процедури. Сито експериментите не постојат без процесот на изведување, не постојат како неизведена слика. Тие се исклучителна материјална трага на постапување со слика, со композиција и боја. Планирањето на композицијата е моментално. Предвидливоста доколку е воопшто можна се случува помеѓу спуштањето на ситото, повлекување на бојата и подигнување на екранот. Затоа овие дела ги прати извесна бруталност и суровост, која од една страна се гледа во визуелниот ефект односно неможноста за едноставно раздвојување на сите нагомилани слоеви и нивните односи. Ректо на версо, горе на доле, потколеница на чело, јетра на глава, црно на бело, фрагмент на фрагмент. Експерименти настануваат со извесна доза на безоблазлук. Кога од сликата која настанува преку вклупување на слоеви, ќе и се одземе фрагмент, а истиот подоцна се вклупи со останати одземени фрагменти/целини, секој останува да ја довикува, но и одбива својата целина, пронаоѓајки нови комплементарности.

Без авторизација, без вистински авторски права, без прашања, без устројувања, без фини манири. И надобро од сè без автори. Дали се експериментите оној момент која занаетчијата станува уметник? Или тоа е зона каде што таквото прашање губи смисла? Овие дела својот јавен живот го започнуваат во музејот Halle Saint Piere во Париз 2017-та година .

Во сабота БОШ 10 отвара уште една групна изложба. fake/fact – вистината во уметноста и литературата во време на fake news“ –  SlovoKult:: literARTour:: СловоКулт:: литерАРТура::  – групна изложба / Пионерски дом

Слики од берлинските уметници:: Катрин Салентин, Јамес Дин, Силвија Лоренц, Хана Хененкемпер, Елизабета Линднер Костадиновска и од Македонија: Дијана Томиќ Радевска, Ѓорѓе Јовановиќ, Касиопеја Наумоска, Владимир Лукаш, Дороти Пачкова, Кристијан Крстески, Моника Мотеска, Миро Масин и Тони Шулајковски.

Ана Елемарк е стрип уметница, илустраторка и компјутерска лингвистка. Има објавувано свои дела низ Европа, особено во Хрватска , Словенија, Србија, Франција и Шведска. Колекцијата незијни стрипови “Winners” ја објави издавачката куќа Floating World Comics од Америка во 2015 година. Изложбата АБРАКАДАБРА претставува претставување на дела од сопствената колекција создадени од изминатите две години, но поврзани со зборовите кои се изговараат за да се повика доброто и да се отера злото. Верува во магијата на зборовите. Јазикот е конечен збир на правила со кои можеме да предизвикаме бесконечен низ на значења:  Hokus pokus filijokus, ćiribu ćiriba, simsalabim, hax pax max deus adimax. Јазикот сè што е возможно, а тоа што нè го нема во јазикот. Магијата е можна, а јазикот е магичен затоа што е магијата е во јазикот, а јазикот во магијата.

Од  музичката програма концерти ќе имаат рапкор групата Straight Jackin кои слават 25 годишен јубилеј од своето формирање. Групата е  основана 1994 година во Санкт Петерсбург.

Нашите Далтонси, кои се дефинитивно убедливо најдобриот rockabilly макеоднски бенд.

Ana Threat  од Австрија ви носи свет маѓепсан од звук на својствен, lo-fi garage, scifi disco trash. Звук за самотнички dance забави во вашата спална соба.

Moussaka е пикантна мешавина на калифорнсики сурф-рок звук и југословенси поп-фолк хитови од крајот на минатиот век. Настанува како спореден проект на двајца музичари од Белград – Петар Живич (Threesome) и Игор Митич (Teški Zulum), при што набрзо прераснува во бенд познат по своите енергични настапи.

Iva  & the Toy Georgeе е соло проект на Ива Станкович, музичар и продуцент од Рим, родена во Белград. Нејзиниот live-сет вклучува употреба на grooveboxes, синтисајзери, акустични и дигитални перкусии и разни вокални ефекти, создавајќи мешавина на звуци и жанрови кои се движат од електро, танц, панк, хип хоп и повеќе егзотични, балканси и арапски звуци. Ива пее на неколку јазици, понекогаш дури и ги измислува зборовите.

Дј-сетови на Dj Jahvo од Хрватска, Мирко Попов ќе пушта на винили и Denny Trajkov .

Проекции на филмови од макеоднските автори: Вардан Тозија, Радован Павловиќ, Ана Јакимска, Саша Станишич и Марија Апчевска.

(115)

loading...

Вашиот коментар