Летен фестивал на книгата

Датум: 31.08.2018
Место: Скопје
Локација: Книжарница ТРИ
Почеток: 09:00
Цена: Бесплатно

ЗАПОЧНА ЛЕТНИОТ ФЕСТИВАЛ НА КНИГАТА!

 
 

За нас, вљубениците во книгата, летото е период на кој најмногу му се радуваме. Долгите летни денови се како создадени за нашата омилена активност – понирање во светот што книгите и авторите го отвораат пред нас. И ова лето го посветуваме на убавите книги и на читањето како неизоставен дел од секое летно сценарио. Книгата ќе биде наш сопатник, ќе биде патување или дестинација.

Книгите што и оваа година се дел од нашата понуда сигурно ќе ве одведат на убави места и ќе ви покажат предели на кои ќе им се одушевувате. Ќе ви раскажат неверојатни приказни, ќе ве опкружат со многу фасцинантни ликови.

  
 

Погледнете ја понудата на Летниот фестивал на книгата, изберете од насловите што до крајот на летото ќе се продаваат по промотивни цени и уживајте во секој ден!

Исток, запад, север или југ, нема разлика. Кое и да е твоето одредиште, секое патување нека ти биде патување во себе. Ако патуваш во себе, ќе го пропатуваш сиот свет.
Елиф Шафак

Погледнете го фестивалскиот каталог – https://bit.ly/2lzmObb

(14)

loading...

Вашиот коментар