#ПочниСоВодно+DjMats

Датум: 30.08.2018
Место: Скопје
Локација: ОУ Кочо Рацин
Почеток: 18:00
Цена: Бесплатно

Ветена ни е овој пат ЧОКОЛАДНА ФОНТАНА на врвот… забрането точење на бидони! ;)))
Олд скул момакот е повторно со нас, овој пат повторно “пука” со старата добра школа. Горе со нас ќе бидат верните подржувачи на сите аутдор активности ширум земјата. Ќе бидеме ние вратени од големите планини и вие вратени од одморите.
Време е за последните 3 изданија, не дозволувајте да ви кажат како беше!
https://www.facebook.com/ilovehikingmacedonia/videos/2174465812772773/

 
 

————————————————————————–

СТАРТОТ е од Кочо Рацин во 18:00 Часот.

  
 

—————————————————————————
Не заборавај, можеш со точак, можеш пешки.
# Од некаде мора да се Почне
Почни со тренинг,
Почни со дружба,
Почни со нас,
#ПочниСоВодно

Те очекуваат бајкерско – хајкерска коалиција, Macedonian Bike Riders Друштво неозбилни велосипедисти и i love hiking group Macedonia

*****************************************************************************

Се што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 18:00 часот ПРЕД Кочо Рацин. Да си земеш ранец во кој ќе има 1л вода. Некој шушкавец или тенка јакна за на врвот. Да се пресоблечеш горен дел – алишта. Да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка.
Челна ламба или било какво светло кое ќе ти го осветлува патот. Осветлување напред и позади за точаците.
И тоа е се. За се друго ќе се погрижиме ние.

ОПРЕМА:
– за хајкерите, челна ламба или било какво светло
– за бајкерите, предно, задно, светло, кацига

ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 1 л.
– суво овошје, сендвичи и сл.
– домот на врвот е отворен за да си купите ако нешто ви фали.

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската и велосипедската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Повеќе инфо тука.

(11)

loading...

Вашиот коментар