Скопје Трча 10КМ

Датум: 07.10.2018
Место: Скопје
Локација: ул. Аминта Трети
Почеток: 09:00
Цена: 400 – 1.000

По успешното прво издание на СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ во 2017 година, оваа трка прераснува во традиционална тркам, и оваа година ќе се одржи на 7 октомври со почеток во 9.00 часот.

 
 

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје (кој е организатор на Виз Ер Скопски Маратон и Авицена Женска Трка), во соработка со А.К.Работнички и Атлетската федерација на Македонија, и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Генерален покровител на СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ е Агенцијата за Млади и спорт, покровител е Град Скопје, а огромна помош имаме и од нашите партнери и спонзори. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).

ПРИЈАВУВАЊЕ – Пријавувањето трае до 30 септември. За повеќе информации на следниов линк http://skopje.run/page5.html

  
 

ТРКИ – 10 км и штафетна трка 2 х 5 км (двајца тркачи трчаат по 5 км, ,секој штафетен тим треба да има уникатно име, а тимовите можат да бидат мешани, машки и женски).

ТИМСКИ НАТПРЕВАР – Дали трчате од некоја компанија, или можеби сте поголема група на пријатели? Пријави ја својата екипа за рангирање на екипен пласман на трката на 10км. Повеќе информации на http://skopje.run/page8.html

ПАТЕКА – Стартот на трката ќе биде на булеварот Илинденска, во близина на фонтана Лотус. На истото место ќе биде и целта на трката. Трката е кружна и ќе се трчаат 2 круга од 5км, по должина на булеварот Илинденска.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ – Сите тркачи треба да ја завршат трката за 90 минути, после овој временски период ќе бидат замолени да ја напуштат патеката на трчање.

ПОДИГАЊЕ НА СТАРТНИ ПАКЕТИ – Стартните пакети ќе се подигаат на 5 и 6 октомври на ЕКСПО кое ќе се огранизира во Спортскиот центар “Борис Трајковски“

НАГРАДИ ЗА ТРКАТА НА 10КМ – Во трката на 10 км првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени. Со дипломи ќе бидат наградени првите 3 места во следниве возрасни категории: од 35 до 44 год, од 45 до 54 год., и 55 + год.

НАГРАДИ ЗА ШТАФЕТНАТА ТРКА 2 Х 5 КМ – Во штафетната трка 2 х 5 км првите 3 места во сите категории (тим од 2 машки, тим од 2 женски, тим од 1 машко и 1 женско) ќе бидат наградени со пехари и дипломи.

КОТИЗАЦИЈА ЗА ТРКАТА НА 10 КМ.:
> до 31 јули 2018 – 400 ден.
> од 1 август до 31 август 2018 – 450 ден.
> од 1 септември до 30 септември 2018 – 500 ден.

КОТИЗАЦИЈА ЗА ШТАФЕТНА ТРКА 2 х 5 КМ.:
> до 31 јули 2018 – 800 ден.
> од 1 август до 31 август 2018 – 900 ден.
> од 1 септември до 30 септември 2018 – 1.000 ден.

НАПОМЕНА: Секој учесник ќе може да си купи dry-fit маица со логото на трката. Маицата можете да ја купите како дополнителен продукт (не е задолжителна и не е дел од стартниот пакет) при процесот на регистрацијата на www.smartrace.club. Цената на маицата е 400 ден. и ќе може да се купи до 31 август, а 100 ден. од секоја продадена маица ќе одат во добротворни цели.

(5)

loading...

Вашиот коментар