2 Cellos во Скопје

Date: 06.10.2018
Location: Скопје
Venue: Vip Арена
Start: 21:00
Price: 990 – 1.990 мкд

ПЛАНЕТАРНАТА МУЗИЧКА СЕНЗАЦИЈА 2 CELLOS КОНЕЧНО СО ГОЛЕМО АРЕНА ШОУ ВО СКОПЈЕ!

 
 

Драги пријатели,
Задоволство ни е да ви најавиме дека една од концертно најуспешните светски музички атракции во моментов, дуото 2 CELLOS оваа есен доаѓа во Скопје.

Во рамки на последната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум “Score”, популарното дуо ќе настапи во Скопје на 06ти октомври годинава, во ВИП Арена.

  
 

2 CELLOS за прв пат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет.

Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со својата брилијантна работа успеаа нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис- да се успешни и нивните концерти да се распродадени на сите континенти, и тоа во сите големи светски сали, што до нивното појавување беше незамисливо за една кросовер музичка атракција.

Билетите се во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн на веб страницата на ККЗС, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР 990 денари
ФАН ПИТ 1.500 денари (само 1.000 влезници)
ТРИБИНИ 1.200 денари (блок 1 и 15)
SILVER SEATS 1.500 денари (блок 2, 5, 6, 10, 11 и 14)
GOLDEN SEATS 1.990 денари (блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12)

(14)

loading...

Вашиот коментар