Tale Of Us во Скопје!

Датум: 15.09.2018
Место: Скопје
Локација: Хотел Средно Водно
Почеток: 22:00
Цена: 800 – 1200 мкд

Win Music Freedom ви го претставува најбараното дуо на денешницата, Tale Of Us!

 
 

15 септември, Хотел Средно Водно

Дојдете и бидете дел од најголемата журка досега!

  
 

300 лимитирани карти: 800МКД
Предпродажба: 1000МКД
На влез: 1200МКД

Tale Of Us е заедничката приказна на Carmine Conte и Matteo Milleri со седиште во Берлин, базирана врз нивното изострено сетило за уникатно модерен звук.

Оваа приказна започнува во Милано, каде што Karm и Matteo се среќаваат на многу рана возраст. Ломбардискиот главен град ќе излезе во пресрет на нивната заедничка приказна, чии што успех понатаму ќе продолжи да се шири по периметарот на Европскиот техно центар Берлин. За време на студиите по музичка продукција на Институтот SAE, взаемната љубов кон музиката, како и талентот кој го поседуваат, нераскинливо ќе ги поврзе и ќе го означи почетокот на ‘Приказната за Нас’.

Со впивање инспирација од уметноста, музиката, литературата и киното, Karm и Matteo постепено прераснуваат во експерти од сопствената област. Влијаниjaта од продукциското творештво на Nils Frahm, Max Richter и Ludovico Einaudi и те како се забележуваат во нивниот звук, овозможувајќи им бројни покани од најдобрите светски издавачки куќи. Своето деби во Visionquest го постигнуваат во 2011, по што следуваат изданија за M_nus (Richie Hawtin) како и легендарната белгиска куќа R&S.

2010 ќе го обележи раѓањето на Life & Death, по што, за само неколку години, заедно со пријатели од Италија, Tale Of Us успеваат да ја трансформираат антолошката етикета на лејблот со невидено темпо. Прераснувајќи во движечка сила зад лејблот, дуото не само што ќе остави трага врз секој слушател, туку ќе успее и да го потресе јадрото на Балеарскиот остров Ибица до сопствената срж.

Со својот амбиентално/класичен албум Endless, издаден во Март 2017 за Deutsche Grammophon, Tale Of Us, умешно го надминуваат традиционалниот калап за продуцирање електронската музика. Endless претставува доказ за нивната најкомплетна и најискрена “изјава” до сега, во која Karm и Matteo се ослободуваат од стегите на традиционалната електронска музика, навраќајќи се кон своите корени изразени преку владеење на пијано и eno-esque атмосфери.

Преку повеќеориентиран фокус, Tale Of Us ги разбиваат поетските и емоционалните граници на музиката, и тоа со почит и стравопочит кон повеќе сцени и жанрови.
__________

Во средината на јуни 2016, Барселона се покажува како совршен “предговор” за нивната 13-неделна четврточна резиденција во Space Ibiza. Преку прецизна музичка обработка и експериментален, концертно-ориентиран пристап, Afterflife сонично ја оживува Ибица. Карактеризиран со хипнотизирачки звуци и бурен ритам, line-up-от на Afterlife вбројува светски музички имиња: Recondite, Nina Kraviz, Dixon, Âme, Mind Against, Vaal, Mano Le Tough итн.

Во меѓувреме следува компилација од 10 дела насловена како Realm Of Consciousness која го означува лансирањето на Afterlife. Траките орбитираат кон истата цел како и самите настани и тоа: поместување на слушателот кон повисока димензија на музичка перцепција. Следејќи го истиот модел, Afterlife ги објавува и своите први EP изданија на Vaal, Mind Against & Aether и Patrice Bäumel.

Денес, Afterlife се одржува на глобално ниво, со настани во Амстердам, Букурешт, Лондон, Мајами и Тулум.

(8)

loading...

Вашиот коментар