| 04.11.2017. ПО ДОМА

Лоши вести стигаат од полето на медицината за оние од вас кои размислувате за „стент“ како решение за болка во градите. Имено, процедурата што се користи за ублажување на болката во градите во стотици илјади срцеви пациенти секоја година е бескорисна за многумина од нив, објавија научниците во средата.

Нивната студија се фокусирала на вметнувањето на стентови, мали жичени цевчиња, за отворање на блокираните артерии. Уредите спасуваат животи кога се користат за отворање на артериите кај пациенти кои страдаат од срцев удар. Но, тие најчесто се користат кај пациенти кои имаат блокирана артерија и чувствуваат болка во градите што се јавува на пример, кога пешачите на рид или качувате скали. Понекогаш пациентите добиваат стентови кога воопшто немаат болка, туку имаат само блокада.

Срцевите заболувања се уште се водечки убиец на Американците – 790.000 луѓе имаат инфаркти секоја година – и стентирањето е третман кој главно се користи во речиси секоја болница. Според истражувачите, повеќе од 500.000 срцеви пациенти во светот имаат стентови вметнати секоја година за ублажување на болката во градите. Другите проценки се далеку повисоки.

 
 

Неколку компании – вклучувајќи ги Бостон Сајенс, Медтроник и Абот Лаборатории – ги продаваат уредите и кои коштаат од 11.000 до 41.000 американски долари во болниците во САД.

Новата студија, објавена во Лансет, ги шокираше водечките кардиолози со тоа што резултатите се во спротивност од децениското клиничко искуство. Наодите покренуваат прашања за тоа дали стентот треба да се користи толку често – или воопшто – за лекување на болки во градите?

За студијата, д-р Џастин Е. Дејвис, кардиолог на Кралскиот колеџ во Лондон и неговите колеги регрутираа 200 пациенти со длабоко блокирана коронарна артерија и болка во градите доволно силна за да ја ограничат физичката активност, која пак, е доволно честа причина за вметнување на стент.

 
 

Тогаш субјектите имале постапка: вистинско или лажно вметнување на стент. Ова е една од ретките студии во кардиологијата во која беше дадена процедура на лажни третмани кои потоа беа споредени со пациентите кои го добиле вистинскиот третман.

Во двете групи, лекарите нанесоа катетер преку препоните или зглобот на пациентот и со помош на рентгенски зраци, стигнале до блокираната артерија. Откако катетерот ќе ја достигне блокадата, лекарот вметнувал стент или ако пациентот требало да ја добие лажната процедура, едноставно го извлекувале катетерот.

 
loading...
 

Ниту пациентите, ниту истражувачите кои потоа ги вршеле проценките и прегледите, не знаеле кој добил стент. По постапката, двете групи на пациенти земале јаки лекови за да спречат згрутчување на крвта. Стентовите го направиле она што требало да го направат кај пациентите кои ги примиле. Протокот на крв низ претходно блокираната артерија бил значително подобрен. Меѓутоа, кога истражувачите ги тестирале пациентите шест недели подоцна, двете групи рекле дека имаат помалку болка во градите.

Но, немало вистинска разлика меѓу пациентите, откриле истражувачите. Оние што ја добиле лажната процедура имале исти резултати како и оние што добиле стентовите во врска со болките во градите.

Кардиолозите велат дека една од причините може да биде дека атеросклерозата влијае на многу крвни садови, а стентот поставен на најголемата блокада не може да предизвика големо олеснување кај пациентот. Оние кои изјавиле дека се чувствуваат подобро може само да доживеале плацебо ефект од постапката. Објаснувањето, велат истражувачите, е дека атеросклерозата е дифузна болест. Неколку артерии може да се блокираат денес и вие да го решите проблемот со стентови. Но, утре може да се појави блокада во друга артерија и да предизвика срцев удар.

Бидејќи процедурата носи одредени ризици, вклучувајќи и смрт, стентот треба да се користи само за луѓе кои имаат срцев удар, според оваа студија. Стентовите стапија во широка употреба во 1990-тите и станаа третман на избор, бидејќи тие беа помалку инвазивни отколку бајпас хирургијата. Но, долго време имало прашања во врска со нивната ефективност.

Сепак, овие резултати ќе ги втунат во мисла спрецијалистите да ја преиспитаат својата пракса и дали толку често да ставаат стентови…

(352)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени