| 24.03.2018. ПО ДОМА

Овен
Денес слушајте ги сите совети кои луѓето околу вас ќе ви ги даваат, но дозволете интуицијата да ви покаже кои да ги послушате. Не се исклучувајте од итните ситуации, реагирајте брзо, така ќе спречите проблеми во иднина. На поле љубов не им подлегнувајте на црните мисли и сценарија, само тапкате во место заради нив.

Бик
Денес треба да си ги наполните батериите, па не почнувајте било што поврзано со работата. Испланирајте активности на воздух и разговарајте со саканите – тие две работи ќе ви го вратат ентузијазмот. Во љубовта имате опасни навики и денес е крајно време да ги согледате и промените.

Близнаци
Прифатете ги интервенциите од блиските, денес ви треба друштво и потпора. Имате добар креативен потенцијал кој треба да го искористите за дополнителна заработка. Страста која ќе ја чувствувате внимавајте да не ја помешате со љубов. Ова не е поволен ден за врзување и ветување.

 
 

Рак
Денес нека не ве изненадат тензичните односи со блиските, ќе мора да ги контролирате реакциите. Смирениот пристап на финансиските проблеми ќе биде половично решавање. Во љубовта партнерот ќе има потреба од вас, па не бидете себични. Колку и да ви изгледа смешна ситуацијата, поддршката е клучот.

Лав
Денес сте полни со самодоверба, па тоа ќе ви помогне соништата да станат реалност. Можно е да бидете во трка со времето, затоа важно е да откриете што ви е приоритет. Љубовта ќе ви биде голема мотивација, затоа покажете благодарност и доверба. Избегнувајте да слушате секакви коментари.

Девица
Денес мора да бидете физички поактивни ако сакате да го сочувате расположението и здравјето. Интуицијата ќе ве послужи доколку бидете ставени пред одлуки поврзани со иднината. Во љубовта нема потреба да внесувате тензии. Поставете ги прашањата кои ги имате посмирено.

  
 

Терезија
Денес имате потреба да бидете сами и тоа е во ред. Не се форсирајте да комуницирате доколку не сакате, прво средете си ги мислите пред да донесете било каква одлука. На поле финансии не би било лошо да воведете промени. На поле љубов ќе обновите некој контакт кој сметавте дека е одамна заборавен.

Скорпија
Денес верувајте им на долгорочните визии и планови кои ќе ги имате. Избегнувајте негативни коментари кои може да ве поколебаат во замислите. Приватно, на секој проблем пристапете му смирено, во спротивно стресот ќе ви се одрази на здравјето. Во љубовта бидете подиректни.

Стрелец
Денес секоја иницијатива ќе заврши со успех, затоа не бидете пасивни и не се плашете да го направите првиот чекор. Избегнувајте анализирање и коментирање на туѓите проблеми, непотребно ќе си создадете непријатели. Во љубовта ова е идеален ден да ги промените негативните навики.

 
loading...
 

Јарец
Денес сте полни со разбирање, па затоа слободно впуштете се во дискусии и решавање на проблемите кои долго ги одложувате. Избегнувајте деловни повици. Потребна ви е подобра организација на финансиите. Во љубовта слободно впуштете се во љубовни предизвици, ви недостасува адреналин.

Водолија
Денес не им подлегнувајте на стравовите, доколку сакате да го сочувате здравјето. Внимателно со односите во кругот на семејството. На близок член ќе му биде потребна поддршка – понудете ја. Во љубовта очекувајте емотивни моменти, само не ја злоупотребувајте слободата која ја имате.

Риби
Денес сте склони на претерано анализирање, па ви одговараат тивки средини и луѓе. Подобро избалансирајте помеѓу физичката активност и одморот на телото. Во љубовта идеалите ви се превисоки и тоа ве прави незадоволни. Искажете ги емоциите без срам.

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени