loading...
19.04.2017.Лилјана Пецова
31.03.2017.Ливада.мк
| 12.01.2017. ОШТРЕЊЕ

До кога оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ планира да ги силува институциите, а законите и Уставот да ги третира како кондоми, насила натнати за вршење на нивните потреби? Онаа фигура која се шетка во резиденцијата на Водно, наместо во согласност со Уставот да изврши консултации со политичките субјекти -макар и заради форма, ако не суштински, пред да го довери мандатот на оној кој има гаранции дека обезбедил мнозинство во парламентот-а тоа е критериум за доверување на мандат, во својата препознатлива сервилност потрча да го даде мандатот на Никола Груевски, без никакви консултации, со што уште еднаш потврди дека е на нивото на обичен поштар, а не на претседател.

И уште повеќе, чекаше да поминат 10 дена и мандатот го даде на последниот ден, а претходно не правеше ништо. Поштарите за разлика од Хорхе се барем поефикасни. Онаа квази-професорка Каракамишева, ако не заради авторитетот кој го нема, атер за титулите кои ги има, треба да се воздржува од интерпретации кои се изживуваат врз Уставот, и Македонија ја прават карикатурална форма на партиско самоволие, наместо на функционална демократија. Така, според нејзината апсурдна интерпретација, доколку Груевски во рок од 20 дена не успее да состави влада мандатот повторно треба да му се довери нему, и тоа во неограничен број на обиди се додека не ги измори сите, и не му успее во тоа. Каракамишева составувањето влада го интерпретира како партија табла, во која оној што прв пат фрла зарчиња, има право да премава колку пати сака, се додека не му се бендиса тоа што го фрлил.?!? И оди и чекор повеќе.

Ако Груевски и после неколку обиди не успее да формира влада, мандатот да не се довери на втората, третата партија итн, туку да се распишат нови избори, за да се „испочитувала“ волјата на граѓаните. А волјата на граѓаните, во искривоколчената перцепција на Каракамишева се освоените 51 мандати на ВМРО. Другите 69 мандати не можат, и не смеат да ја претставуваат волјата на граѓаните, само оние 51 имаат право на такво нешто, бидејќи во оваа држава права имаат само оние што се за ВМРО; Сите други или да се отселат, или да се навикнат на овој наметнат политички Апартхејд. При тоа, вели дека времето не е фактор бидејќи Македонија има функционална влада.

Која црна функционална влада? По 11 декември, таа влада е во оставка со многу лимитиран мандат. Да не зборуваме дека веќе еден месец таа влада не ја претставува волјата на граѓаните јасно изразена на 11 декември. Но затоа што така му одговара на ВМРО, Каракамишева е подготвена да инсистира на бесконечно функционирање на политичка влада во оставка без легитимитет, со што Македонија би станал единствен таков пример во свет кој не дека претрано ќе се потресе за тоа што се се измислува за да се силува демократијата во Македонија, ама ќе биде предмет на тешки исчудувања и егземплар за изучувања во теоретски студии околу бизарна и тотална злоупотреба на институциите од власта ! Во нормални земји вакви тези се предмет на суров мајтап, или на психијатриски вешташења.

Но бидејќи овие тези беа пласирани со сериозност на една владина телевизија, и бидејќи живееме во Македонија кадешто видовме како беа силувани институциите Уставен суд и претседател на републиката само за да бидат дадени оние колективни аболиции кои ја скандализираа целата нормална Македонија и природно цел свет, не сум убеден дека ова сценарио не е сериозен бек-ап план, за Груевски да не демисионира од власта по секоја цена, дури и ако не му успее да направи влада, без да се размислува (што е веќе главна карактеристика на едно владеење) за последиците врз државата, правниот поредок, институциите, граѓаните….

Ако се постават работите интерпретацијата на Уставот и неговото почитување да зависат од лицето Ѓорѓе Иванов, и неговите советници, тие нема да се либат дури и војна да предизвикаат и грубо да го кршат Уставот до смрт, само ако така им одговара на нивните налогодавачи. Оваа потенцијална груба подигравка со Уставот е опасна за сите што живеат во Македонија, но едновремено и е тешка навреда за интелигенцијата и на самите поддржувачи на ВМРО, за кои имам надеж дека ќе се спротивстават во име на нормалноста, ако видат дека работите се тераат натаму.

(73)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Атанас Кировски
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

Tags:

24.04.2017. Ливада.мк
25.04.2017. Ливада.мк
26.04.2017. Гордана Попсимонова

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • Mени