Наредна ТЕМА за дебата за која сакате да додадете аргументи: Дали поддржувате во Македонија да се воведе смртна казна?

Затворите во Македонија се повеќе од преполни, капацитетите се тие, а секојдневно се носат и нови осуденици. Освен нехуманите услови за престој и недостатокот на вистински програми за рехабилитација на тие прекршители на законот, дали би поддржале во Македонија да се воведе и смртната казна како санкција против оние сторители кои се осудени за одредени тешки кривични дела и тероризам, на тој начин сметајќи дека ќе се намали бројот на сторени кривични дела и дела за тероризам и да се намали бројот на затворениците?

Во Македонија последната смртна казна е извршена во 1987 година, кога на смрт е осуден педофил татко, кој ја силувал, претепал и запалил сопствената ќерка. Стрелан е неколку дена подоцна. Меѓутоа, многумина сметаат дека оваа мерка нема да влијае на бројот на тешки кривични дела, дополнително ако се земе и предвид што и државата како аспирант за ЕУ, каде нема место за смртната казна како санкција, се чини невозможна мисија за враќањето на смртната казна.

Кој е вашиот став, дали сметате дека ќе се намали бројот на прекршители на законот доколку се има ваква мерка или воопшто нема да влијае таа врз развојот на кривичните дела во Македонија, од гледна точка на тоа, дека во принцип никој не застанал да подразмисли пред да изврши одредено кривично дело дали тоа е тешко и дали би добил смртна казна за тоа, па да се откаже од намерата?

Дали сметате дека семејствата на жртвите или оние кои страдале од тие кривични дела би добиле поголема сатисфакција ако сторителот е осуден на смрт, отколку да помине четврт век позади решетки во нечовеки услови?

Ако човечкиот живот е нешто најсвето, тогаш како државата да има право да одредува кој ќе живее, а кој не?

Дали помислувате дека моментално во затворите во Македонија лежат и невини луѓе? Што би се случувало доколку некои од нив имаат добиено смртна казна која е извршена, а подоцна искочат докази или сведоци за нивната невиност? Кој би ја сносел одговорноста од сето тоа?

ВАЖНО! Доколку имате проблеми со контакт формата при испраќањето на вашите аргументи, истите можете да ни ги испратите и дирекно на е-маил [email protected] , притоа не заборавајте да ни пишете во кој тим (ЗА / ПРОТИВ) сакате тие да влезат како и името/псевдонимот со кој ќе бидете потпишани под истите. Условите на користење ќе сметаме дека сте ги прифатиле во целост!

Проектот „Биди ИН, дебатирај“ е во организација на www.livada.mk и е во рамките на програмата Цивика Мобилитас.

Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска

Содржината на овој веб портал и дебата е единствена одговорност на Здружението на граѓани за развој на критичка мисла Ливада Скопје и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Вашето име/псевдоним (задолжително)

Вашата е-пошта (задолжително)

Тим кој ке го застпувате
Тим ЗАТим Против

Вашите аргументи :

1.

карактери

2.

карактери

3.

карактери

Се согласувам со условите на користење и ги имам прочитано истите.

Comments are closed.