| 29.11.2017. ПО ДОМА

Прекрасна сопруга, прекрасен готвач и грижлива мајка се само неколку од многуте карактеристики што една жена може да ги поседува за време на бракот. Со целиот хаос што децата можат да го донесат во бракот, не е за изненадување што жените го искусуваат стресот како дел од тој пат.

Но, што е со мажите? Дали е можно мажот да предизвикува поголем стрес во животот на неговата сопруга? Во денешното општество, повеќето жени навистина се чувствуваат како да останале без друг избор освен да го ”чуваат” својот партнер наместо да се потпрат на нив.

Многу жени се оставени да играат готвач, учител, лекар, слугинка, па дури и планер за настани во врската. Иако се однесуваат како супержени, а не се, и поради тоа тие често потфрлаат на други полиња. Ова може да влијае на работата што ја работат надвор од домот.

 
 

Со цел правилно да се испита оваа ситуација, TODAY.com спроведе истражување кое вклучи над 7.000 мајки. Резултатите покажаа дека просечната мајка го рангира своето ниво на стрес на 8,5 од 10 можни. Освен тоа, 46% од испитаните жени рекле дека нивните сопрузи им предизвикуваат поголем стрес отколку нивните деца.

Истражувачите, исто така, забележале дека три од секои четири мајки со сопрузи изјавиле дека тие ги исполнуваат најголемиот дел од родителските и домашните обврски.

  
 

Исто така, една од пет мајки, се изјасниле дека немањето доволно помош од нивниот брачен другар е огромен извор на секојдневен стрес. Попат, се пожалиле и дека немаат доволно време во денот да сторат сé што треба да се направи.

Она што е уште повознемирувачко е што истражувачите откриле дека оваа состојба влијае на здравјето на двата партнера со текот на времето. Една студија на Универзитетот во Падова, покажала дека ако сопругата почине и мажот е препуштен на одговорностите, неговото здравје се влошува. Но, ако сопругот почине, жената станува поздрава.

 
loading...
 

Како да се справиме со ова? Првиот чекор за подобрување на ова прашање е да разговарате со вашиот сопруг / партнер за тоа. Може да помогне, ако се обидете да направите листа која ќе ви овозможи да ги поделите должностите, а исто така и да му објасните дека поделбата на должностите ќе го намали стресот во вашиот живот.

Колку и да се чини отсутен мажот со работите околу куќата, вистината е дека тие сакаат да бидат најдобриот сопруг и татко што можат да бидат. Понекогаш жената / мајката едноставно не му верува целосно на мажот со одговорностите, па затоа истите ги извршуваат сами.

Затоа, најдобар начин за жената да се олесни од товарот на нештата, е да му верува на нејзиниот сопруг. Тие се тим и се заедно во ова и треба да си веруваат еден на друг. Исто така, тоа ѝ дава можност на жената да ги наполни батериите и да добие некое време за себе. Ако ова значи дека треба да се дозволи таткото да се тркала во калта со децата, тогаш нека биде така!

(0)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени